Мали, трпаш голови како Панчев – Сашо Тасевски проговори за познанството со Балашевиќ

0

При секоја негова турнеја, во која речиси без исклучок влегуваше и Скопје, најчестите зборови на неговите обожаватели кај нас беа: „Ајдне на Балашевиќ“, „Ќе одиме ли на Ѓоле“…

Па така, речлиси да немаше статус изминативе два дена, во кој не се споменуваше омилениот пејач и не се евоцираа спомени од летни одмори, кога со гитари се потпевнуваа неговите песни.

И не само кај нас, речиси истите статуси се споделуваат низ цела поранешна држава, од Словенија, до Црна гора и Македонија.

Неговите војвоѓанци се потсетија и на фактот што Балашевиќ бил надежен фудбалер, но сепак, тие се среќни што тогашниот стратег на ФК Војводина, му рекол дека е надежен, но треба да си ја бара среќата во друга професија, бидејќи нема квалитет за професионален фудбал.

Зошто среќни? Затоа што, според нив, доколку Ѓоле станел професионален фудбалер, можеби немало да се занимава со музика и да му ги подари на регионот прекрасните дела кои ќе живеат уште многу децении, дури и меѓу генерациите кои нема да бидат современици на Балашевиќ.

Кога сме веќе кај спортот и фудбалот, интересна е приказната на актерот Сашо Тасевски, кој лично се запознал со Балашевиќ, токму преку фудбалот. дури му дал и два гола, во меѓусебната утакмица:

„Сакав и јас малку да бидам патетичен, да напишам нешто трог ателно, не можев. Не знам зошто?

Можеби затоа што лично го запознав и тоа на начин охохоооо. На Златибор, на мал фудбал, во 1989. Бевме на екскурзија низ Југославија, ние трета година од Карев. Имаше во тек турнир во фудбал на лотариите на републиките.

Ме сретнува играч на Македонија од Ѓорче, Томче Ј…. Ми вели ќе играш полуфинале за нас им се по вредил некој.

Викам да. Полуфинале со Војводина, Џоле у тимот. Дадов два гола за победа од 3:2. Само што заврши мечот, одма ми пристапи со пружена рака. Он замислете, Џоле.

Мали, трпаш голове као Панчев! Се подмоч ав. Му реков дека му ги знам песните, дека му ги свирам иако сум почетник у она време. Ми го подари дуплиот оној албум со две касети внатре. Да и посвета: На Сашо, со желба за пар години да трпа голови за репрезентација.

Тоа не се случи за моја не среќа. Уште потешко ми е што тој албум со посветата, година подоцна му го дадов на еден познаник да го преслуша.

Никогаш не ми го врати. Го дал на братучетка, па оваа не знам што…. Го напишав ова оти наидов на фоткава. И си велам…

Сите кои сакаат да заборавиме некои нешта, да заборавиме на нашето минато, па дури и да плукнеме на него, ќе мора да почекаат да се упокоиме заедно со споменот на Џоле, на Џони, на Капор, на Арсен, Електрични, Лајбах, ЕКВ, на Петре, на Гане, на Пекиќ, на Киш, на Леб и Сол, на Дугме, на Рамбо Амадеус.

И на Дражен и Делибашиќ и Ќосиќ, Кукоч, Мате Парлов, Русевски, Реџеповски, Трстена, Буштур, Крижај, Улага, Пикси и Панчев.

Упокојувањето на Џоле покажа каде е ркулецот на она кое говедата го нарекуваат ју носталгија, а која во суштина е глад за вистински нешта. И додека сме гладни за нив, нема да заборавиме кои сме.

Штета што уметноста никогаш не се покажа силна да спречи лудило меѓу луѓето. Само се обидува и сака да верува дека може, но не може.

Веројатно тој факт едно време го скрши и Џоле, ама продолжи да просветлува. Сепак убаво е кога веруваш. Колку и да е попусто.“

Претходна статијаУтрово беше испратен со тамбураши, а сите пристапи кон вечното почивалиште беа затворени (ФОТО)
Следна статијаГрција не се откажува од намерата – преговара со 10 земји околу сертификатот за имунизација