Ќерката на Балашевиќ Лола, објави постара снимка и емотивно го „здрма“ Балканот

0

Пред осум дена, целиот балкански полуостров беше потресен од веста, дека се упокоил големиот, можеби најголемиот пејач, текстописец и канавтор, Ѓорѓе Балашевиќ.

А како и да не би биле, кога секој од нас, памети случки во животот, кога се свиреле и пееле неговите вонвременски песни. Дали тоа било на логорување, на летен распуст, во камп, во кафетирија, дискотека, на концерт…

Од Балашевиќ се простија речиси сите, преку статсуси на социјалните мрежи, но и по плоштадите на градовите, каде Ѓорѓе Балашевиќ изминатите четириесет години ги одржуваше концертите.

Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Балaшевиќ, имаше 67 години, а изминативе десет дена имаше проблеми со здравејто, и беше хоспитализиран во Нови Сад. Медиумите пишуваа дека заболел од вирусот корона.

Изминативе денови тој имаше проблеми слични на оние предизвикани од вирусот, но тој се јави на лекар само кога се влошија.

Тој неколку дена пред упокојувањето се лекуваше на Инфективната клиника во Нови Сад, поради билатерална пневмонија, но се чувствуваше подобро и немаше позначајни проблеми.

Ѓорѓе Балашевиќ беше оженет со Оливера Балашевиќ, со која се сретнале сосема случајно и љубовта ги врзала сè додека, за жал, судбината не ги раздели.

Најубавите песни, идеалниот брак, емотивната и пријателска врска, неисцрпната инспирација и поддршка сведочат за нивната љубов, а ова е приказната за нивниот живот што траеше повеќе од четири децении.

Блажевиќ и Оливера се запознаа за време на гостувањето во ТВ, и двајцата биле гости на телевизијата Нови Сад – Оливера како спортист и Ѓорѓе како музичар.

– Во една прилика заедно го гледавме натпреварот Хајдук – Хамбургер. Одеднаш, Оља ја стави раката над моето рамо и рече: „Овој Златко Вујовиќ е опасен фудбалер“. Тогаш си реков: “Ја најдов вистинската личност, пријател кој разбира и други работи. Веднаш ќе се оженам – готово е!” – рече во една прилика Балашевиќ.

Инаку Оливера Балашевиќ, своевремено била позната атлетичарка во неколку атлетски дисциплини.

Во времето кога Оливера учеше и живееше во дом, Ѓоле често пееше под нејзиниот прозорец. Во студентската соба каде што тогаш живееше Оливера, денес на влезната врата има плакета со натпис: „Додека не слета низ ходникот на студентите … Оља и Ѓоле Балашевиќ, 1 јуни 1979 година“, и токму таму започна најубавата љубовна приказна.

-На мајка ми ѝ беше тешко дека одам во Нови Сад и дека ќе бидам сама, дури ми предложи да најдам момче. Имав цимерка Весна од Чачак. Запознав многу луѓе, со кои и денес сум во контакт – изјави Оља Балашевиќ во едно интервју.

Наскоро во нејзиниот живот се појави момче, добро познатиот кантавтор од Војводина, а тој нивната љубов и студенсткиот живот го опиша во песната „Провицијалка“.

– Тој тврди дека песната е поврзана со оваа просторија. Знам дека читав белешки за предавања на масата, се подготвував за испитот и често гледав низ прозорецот чекајќи да се појави. Тогаш немаше мобилни телефони, па Ѓоле свиркаше под прозорецот.

Тој свиреж се користи и денес кога талкаме некаде во некој град или трговски центар. Кога ќе го слушнав неговиот свиреж, ќе истрчав низ ходникот со брзина на светлината за да го видам, па таа песна ја раскажа на многу убав начин – рече Оливера претходно.

Постарата ќерка на Ѓорѓе, Лола Балашевиќ, е неутешна по упокојувањето на нејзиниот татко. Таа повторно се огласи на Инстаграм и сподели со своите следбеници видео со нејзината сестра и родителите, направено кон крајот на осумдесеттите или раните деведесетти години од минатиот век.

На снимките се гледаат Ѓорѓе, Оливера, Беба и Лола, а двете девојчиња зборуваат за својата љубов кон таткото и што сакаат да станат кога ќе пораснат.

„Најмногу го сакам тато како тато“, вели малата Лола во видеото. Таа ја сподели истата реченица и во описот на видеото.

Сепак, илјадници нејзини следбеници не ги трогна толку видеото, колку тоа што во позадина Лола плачеше и воздивнуваше. Многумина и пишуваа да плаче додека го гледаше видеото.

Видеото е погледнато 50 илјади пати, а можете да го видите ТУКА

Претходна статијаСин ми живее во Германија, а ќерката во Прилеп – се мислам да му ја препишам куќата на непознат човек што ќе сака да ме догледа
Следна статијаИселениците ќе се попишуваат први преку апликација – од утре стартува пописот