Изминатите два дена, целиот Балкан беше во тага. Градските плоштади во Србија, Македонија и Хрватска беа преполни од луѓе, кои со звиците на неговите мелодии му даваа последна почит на омилениот пејач.
Покрај народот кој ги посетуваше неговите концерти, од Балашевиќ се прости и речиси целата екс-ју естрада. Дино Мерлин пееше и плачеше во кола, Цеца му посвети емотивен статус, а се огласи и големиот актер, текстописец и пејач, Раде Шербеџија:
„Не знам што да правам. Што да кажам?!“, изјавил Шербеџија низ солзи за Аваз. Тој додал дека веста толку го шокирала што не може ни да зборува.
„Тоа е како да ве удираат со чекан. Што е ова што се случува, Господи?! Толку е страшно што човек не може објективно да состави неколку реченици. Невозможно е – евај рекол Шербеџија.
Беше велик, величествен поет. Божествен поет, кој не само што ги пееше своите песни туку пишуваше и поезија и проза. Беше мудрец.
И згора на се – беше голем човек, коментираше славниот актер, кој во првиот авторски филм на Балашевиќ „Као рани мраз“ го игра Васил Ладачки.
Пред неколку години Шербеџија го нарече Балашевиќ „фантастично момче“.
-Тој е само едно чу-до. Едно од најголемите емотивни чуда во оваа земја, кое го обожавам, зборуваше Шербеџија за Балашевиќ.
Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ беше по гребан денес, на 21 февруари, на Градските гр обишта во Нови Сад во кругот на семејството и најблиските пријатели, а до вечното почивање го придружуваа тамбураши со неговата омилена песна „Оливера“.
Синот на Балашевиќ, Алекс, пристигнал прв на вечното почивалиште, а сите влезови на Градските гроби-шта биле затворени.
Сакајќи да се простат од ненадејно починатиот најстар член, семејството ангажирало приватно обезбедување, кое ги затворило сите влезови на гро-биштата.
Денешниот датум 21 февруари е прогласен за Ден на жалост на територијата на Нови Сад, одлучи градоначалникот Милош Вучевиќ.
“Ги исклучивме светлата во Градското собрание со цел да изразиме сочувство и тага со семејството.
Ова е тежок момент за семејството Балашевиќ, но и за целиот град, држава и регион”, рече Вучевиќ на Твитер.
Балашевиќ поч ина во петокот, 19 февруари, во Клиничкиот центар во Нови Сад на 67-годишна возраст, од пневмонија предизвикана од вирусот корона.
Собири по повод упокојувањето на Балашевиќ се одржаа низ цела Хрватска, во Сараево, Црна Гора и Македонија, но и во Белград и Нови Сад.