Дани доби „корпа“ од Министерството за култура за субвенции: Немам надежи за натамошни „смилувања“

0

Министерството за култура, денеска на својата веб страница ги објави резултати од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година.

„ Министерството за култура на Република Северна Македонија денеска, среда (24.02.2021 год.) на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година по дејности и области.

Во таа смисла, и оваа година на објавените конкурси за поддршка на проекти од национален интерес за 2021 година во предвидениот рок (8.10.2020 до 10.11.2020 година) имаше голем одзив, односно во Министерството за култура пристигнаа 4538 апликации, доставени од физички лица, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци-поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејности од областа на културата.

Министерството за култура во 2021 година поддржа проекти кои се во функција на развојот, афирмацијата и промоцијата на културата, заштитата и промоцијата на културното наследство на нашата земја и сето тоа дополнето со проекти од младите и за младите.

Особено беше посветено внимание на еднаквата родова застапеност, на инклузијата на лицата со попреченост и на интеркултурниот дијалог“, се вели на веб страницата на Министерството.

Во тимот на претседатели на комисиите кои одлучуваа за тоа кој ќе добие субвенции за музички, свенски и друг тип на проект од областа на културата е и Емин Гаџа, татко на пејачот Адриан Гаџа. Страницата на Министерсвтово за култура ги објави и имињата на членовите на комисијата.

– Претседатели на комисиите кои ги разгледуваа пристигнатите пријави по одделни дејности се: за литература и издавачка дејност – Весна Димовска; за драмска дејност, -Фирдауз Неби; за фолклор и сценско-уметничка дејност – Емин Гаџа; за музичка и музичко-сценска дејност – Бранка Костиќ-Марковиќ.

За визуелни уметности, архитектура и дизајн – Соња Абаџиева; за интердисциплинарни проекти – Зоран Петровски; за меѓународна дејност – Јане Бакевски; за заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра – Љуљета Абази; за музејска дејност – Фросина Зафировска; за библиотечна дејност – Славица Србиновска“, се вели во соопштението.

Во делот музика и музичка и сценска дејност, неколкумина познати музичари ќе добијат одредена сума за проекти со кои конкурирале.

На пример, на листата е џез музичарот Владимир Василевски- Четкар со сума од за 199.500 денари за три концерти.

Потоа, оперската примадона Весна Ѓиновска- Илкова со добиени 117.000 за солистички концерт.

На листата е и Леана Таќи, ќерката на музичарот Гранит Таќи од групата „Лева патика“, со сума од 76.500 денари за концерт со наслов, „Музиката живее, концерт на толеранција, солидарност и сочувство“.

Субвенции има добиено и Ристо Вртев за концертот „Болка и насмевка“, кој добил 397.800 денари.

За музичките фестивали меѓу кои се „Макфест“, „Д фестивал“, „Таксират“, „Нота фест“, „Танц фест“, Министерството издвои вкупно 20.780.000.00 денари.

На ова остро реагираа некои музичари кои не се на листата на субевнционирани. Во Фејсбук групата „За културна Македонија“, дискусија потегна Петар Младеновски од групата „Суперхикс“, кој напишал: Објавени се резултатите на Министерството за култура за оваа година. Вашите коментари, мислења, реакции?

На ова има разни коментари од типот: Исто, последните 2 години кренав раце од оваа квази институција.

Џабе беа сите галами и приговори за минатите конкурси, ништо не сменаа, апсолутно министерство за некултура“, или „Траг икомедија“.

Но, на прашањето на Пеце, се има надоврзано и популарната Дани Димитровска која напишала:

Никогаш добила, а со овогодинешната корпа надежите за натамошни возможни “смилувања” ми ум -реа.“ Листата од сите музичари кои добиле субвенции можете да ја погледнете ОВДЕ. 

Фото: Принсткрин, официјална страница на Министерство за култура, Freepic, Инстаграм принсткрин, Фејсбук принсткрин, Јутјуб принстксрин

Претходна статијаШто би правела јас без татко ми: Ќерката на Чолиќ загрижена за неговото здравје
Следна статијаМажот ме напушти откако ослабев, си најде жена која личеше на мене претходно: Ана раскажа искрена приказна