Таа е добро познато име и презиме на македонската јавност, актерката Весна Петрушевска која се прослави со прекарот Бејби е една од оние наши јавни личности што секогаш отворено зборуваат на многу теми.
Петрушевска ја започна својата актерска кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“.
Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe се емитувало неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“.Таа исто така глумела во неколку претстави во различни македонски театри, меѓy која е и „Брачна игра“ заедно со Игор Џамбазов.
Популарната Бејби Петрушевска најмногу јавноста ја познава во улогата на водителка на нејзиното ток-шоу „Вртелешка“, кое во минатото достигна голема популарност и се емитуваше со години на македонските телевизии.
Петрушевска глумела во голем број македонски театарски претстави меѓy кои се: „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Вагинални монолози“ и нејзината најпозната претстава: „Госпоѓа Министерка“, која е изведена над 150 пати. Исто така, играла во филмот Контакт, македонскиот кандидат за најдобар странски-филм на Оскарите во 2007 година.
Сега Петрушевска, со многу љубов работи со децата од нејзината актерска школа Весна Петрушевска, а дел од нив глумат и во популарната детска серија „Дајте музика“.
„Јас постојано велам дека сум мажена за своите деца. Не дека очекувам орден, напротив јас учам да бидам родител секој ден. Учам од своите деца, учат тие од мене.
Слушам многу музика, постојано читам, вистински љубител на филмови и серии, зависник на Нетфликс. Ако ме прашуваш за приватниот живот, секогаш велам дека од утре ќе се бавам со него. Бргу ми здосадуваат работите“, кажа Бејби во едно интервју.
Весна летово својот син Кирил го испрати на школување во Америка. Кирил сега живее во Хјустон. Некој брои гласови, некој денови…родителот треба да е лакот, а стрелата вашето дете.
Па така Бејби сега живее со ќерката Мина, за која е многу врзана. Мина е член на актерската школа на Весна и глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“.
Бејби е доста емотивна личност и носталгична што го потврди со последната објава на својот профил на фејсбук каде што вели:
-Oваа снимка не сум ја видела од тогаш…Награда на “Вечер” доби Тоше за најдобар пејач. Верувале или не, гласаа читатели со писма (купончиња исечени да си заокружат лик).
Таа вечер Тоше убедливо победи во својата категорија. Владо Јаневски беше фаворитот. Ама тоа беше време без местенки. Се сеќавам колку писма имаше во редакција за време на подготовките оти го водев настанот.
Мина ја гледа снимкава и вика: Немало поубав! Грутка деновиве, само ми излегува нешто за него….