Д-р Нико Беќароски им одговори на сите што прашуваа дали ако го прележале вирусот, може и понатаму да пренесуваат

0

Во Македонија, состојбата со корона вирусот како да се стабилизира. Во последните десетина денови, значително се намалија дневните бројки на нови позитивни, а се намали и леталитетот.

Епидемиологот, професор Драган Даниловски, завчера за медиумите изјави дека сме многу блиску до одреден колективен имунитет, кој би можел да се постигне некаде на пролет, со достигнување на 60 проценти од популацијата, која имала контакт со вирусот.

Но пролетта е далеку и граѓаните мораат да се придржуваат до мерките, како би се премостил овој период, кога престојот е најчесто во затворени простории.

Конечно, пред неколку месеци, неколку фармацевтски компании објавија дека третата фаза од испитувањата поминала во најдобар ред и поднесоа барања за одобрување на нивната вакцина.

Тоа беа компаниите Фајзер и Модерна. Претходно, уште во текот на летото и русите објавија дека имаат вакцина, но нивната трета фаза не беше помината.

Најпрво Велика Британија, а потоа и Америка, ги одобрија вакцините на Фајзер, а потоа и Модерна и конечно, најпрво во Англија, а во втората половина од месец декември и во Америка, почна вакцинацијата.

Имунизацијата во Америка почна со здравствените работници, оние кои се најизложени на вирусот. Сличен е планот и во европските земји. Потоа, во текот на месец јануари се предвидува имунизација на пожарникарите и полициските работници, па на категориите кои имаат некакви хронични заболувања, а потоа и масовна имунизација.

Нашите власти деновиве објавија дека постигнале договор со компанијата Фајзер и во февруари ќе пристихнат околу пет илјади вакцини, што секако ќе значи имунизација само на најекспонираните категории, а тоа во целиот свет се здравствените работници.

Една од дилемите кои ги имаат оние кои го прележале вирусот, е дали тие можат и понатаму да бидат преносители. Доктор Нико Беќароски, кој на својот профил на социјалните мрежи редовно даваобјаснувања во врска со вирусот, одговори и на ова прашање:

„Многумина прележани од Ковид-19 ми го поставија следново прашање :
“Дали може по контакт со заболен, прележаните од Ковид-19 со формиран имунитет, да го пренесуваат вирусот??”

Почитувани мои, создадениот имунитет Ве заштитува Вас при нов контакт со Sars-Cov-2 вирусите Вашиот организам да се избори со вирусот, ама не претставува влезна рампа на Вашиот нос.

Со други зборови, ако влезете во соба преполна со вируси и престојувате таму подолго време, Вие со дишењето ќе внесете голема количина од вирусот во Вашиот нос и ако потоа веднаш излезете и се дружите со некој кој не прележал ќе може да го заразите.

ТОКМУ ЗАТОА и по прележувањето можете да бидете трансмитер, иако Вие нема да заболите. Затоа, со цел да ја заштите Вашата околина се препорачува придржување кон мерките за физичка дистанца и по прележувањето на болеста.“

Претходна статијаМилош го зел од отпад за 15 илјадарки, а сега вели: Кој сака да го има ќе мора да издвои голема сума пари
Следна статијаМаја открива што им недостига на нашите луѓе во Германија