Сепак, има каде да одат на море Македонците – никој не ви бара тест, а и цените се пристојни во Албанија

0

До 14 август 2020 година, во Грција е забранет влез за државјани на трети земји, согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи, што веќе е објавена во Службен весник на Грција, а од крајот на минатиот месец стапи на сила.

Мерката предвидува „привремена забрана за влез во земјата на сите државјани на трети земји од било која влезна точка во земјата и на било кој начин или било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и копнените поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“.

Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

Исто така исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како и сезонски земјоделски работници.

Одуката важи за временскиот период од 31 јули 2020 година до 14 август 2020 година.

Една од ретките дестинации кои ова лето останаа достапни за македонците е Албанија. Недалеку од грчкиот остров Крф, се наоѓа и едно од албанските летувалишта кои што поради пандемијата коронавирус е избор за многумина.

Саранда припаѓа во областа Валона и се карактеризира со мноштво убави уредени плажи и многубројни природни убавини. Сместувачките капацитети се на задоволувачко ниво, а во местото постои и убаво уредено шеталиште, многу ресторани и кафулиња, но и многубројни продавници.

Освен тоа, во околината на Саранда се наоѓаат и многубројни знаменитости, кои што секако дека треба да се посетат. Поради моменталната ситуација со пандемијата корона вирус, ова албанско летувалиште е вистинска авантура.

Таму најевтината варијанта во приватно сместување за 4-члено семејство на почетокот на месец август изнесува околу 170 евра. Додека пак најскапата опција во ова летувалиште изнесува 2.590 евра за 7 ноќи со доручек, за 4-члено семејство.

Станува збор за ресорт со 5 ѕвезди, кој што е два километри оддалечен од центарот на Саранда и кој што има сопствена плажа.

Како и да е, Албанија е една од опциите кои стојат на располагање за македонските државјани и многумина се веќе таму. Но не само ова лето, Албанија е хит меѓу нашите сонародници изминативе 5-6 години.

Претходна статијаНајчевска: Ќе не биде ли? Еве што сум напишала пред 15 години во „Дневник“
Следна статијаСе смирува ли „бранот“ во Македонија – Филипче втор ден по ред известува за мал број позитивни