Ова може да биде голем проблем – антителата кај оздравените многу брзо исчезнуваат

0

Студијата објавена во списанието „Nature Medicine“ на 18 јуни укажува на ризици од употреба на „пасоши на имунитет“ за „ковид-19“ и го поддржува продолжувањето на мерките за јавно здравје како социјалното растојание и изолацијата на групите со висок ризик, велат истражувачите.

Здравствените власти во некои земји, како што е Германија, разговараат за етика и механизми за дозволување на лицата кои имаат антитела да се движат послободно отколку оние што немаат.

Студијата на 37 пациенти кои имале симптоми и 37 асимптоматски откриле дека оние кои развиле антитела на IgG, еден од главните типови на антитела по инфекцијата, доживеале ненадеен пад за повеќе од 90 проценти од случаите во рок од два до три месеци.

Забележано е дека концентрацијата на антителата IgG во акутната фаза на болеста и во фаза на рано закрепнување кај асимптоматските пациенти е значително пониска отколку кај оние кои имаат симптоми.

Антителата опаднале под прагот на откривање кај 40% од асимптоматските и 13% од пациентите со симптоми. Студијата ја спровеле истражувачи од Медицинскиот универзитет Чонгкинг, филијала на кинескиот центар за контрола и превенција на болести и други институти.

Џин Донг-Јан, професор по вирологија на Универзитетот во Хонг Конг, кој не учествувал во студијата, изјавил дека студијата не ја негира можноста дека заштитата би можеле да ја обезбедат и другите делови на имунолошкиот систем.

Некои клетки се сеќаваат како да се справат со вирусот откако првпат се заразуваат и можат да создадат ефективна заштита ако се појави нова рунда на инфекцијата. Научниците сè уште испитуваат дали овој механизам делува и за новиот коронавирус.

Дури и малите нивоа на моќните одбранбени Т и Б клетки можат да обезбедат заштита, посочуваат експертите за „Њујорк Тајмс“, па заклучокот од таа студија не значи дека овие луѓе ќе бидат заразени по втор пат.

„Заклучокот од оваа студија не значи дека небото се распадна“, изјави Џин, истакнувајќи дека бројот на пациенти во студијата е мал.

Студиите во случаи на САРС и МЕРС покажаа дека антителата на овие вируси траат до една година.

Ова е прва студија која покажа дека антителата на коронавирусот кои предизвикуваат ковид-19, исто така, се развиваат кај асимптоматските лица.

Претходна статијаКорисниците на кабелска во Македонија во недела ќе гледаат само МТВ
Следна статијаСакам нешто да им кажам на сите што зборуваат против Македонците од дијаспората