Златев: Не можам да разберам политичари што не освоиле ни 10.000 гласови, а уште сакаат да се бават со политика

0

Новинарот Љупчо Златев денес на својот профил на фејсбук објави неколку статуси, од кои дел ви ги пренесуваме:

Во изминатата година два пати сум повикуван во полиција за да ми бараат извор на информација.Првиот пат за снимката во која се слуша како Драги Рашковски бара мито за тендер, вториот пат за снимката во која се слуша како градоначалник од власта тепа човек во канцеларија.

Во двата случаи под истрага за кривична одговорност полицијата ме стави мене а не криминалецот Рашковски и насилникот Курто Дудуш.

Во изминатата година десетици пати се водеше јавна хајка против мене и моето семејство водена од политички центар. Ми напаѓаа блиски луѓе, цели кампањи се водеа. Адреси ни објавуваа и на линч повикуваа. Полицијата уште не ги откри кои се.

Во изминатата година се изначитав измислици од типот дека сум земал 2.5 милиони евра од странски премиер, дека сум бил од цела група поврзана со Јанша и Орбан. Ова се говореше од партиска говорница на владејачката партија, со цел смислено да бидат стигматизирани независните медиуми.

Во изминатата година спинуваа, кога пишував дека жените во Боговиње немаат права и се жртви на насилство, ме нарекуваа шовинист. Кога барав секуларизам јавно политичари ме нарекуваа исламофоб.

Во изминатата година власта проба да не цензурира преку своите полтрони од ЗНМ и СЕММ и да ни забрани да си ја работиме нашата работа сите оние кои работа во медиумите кои не се под контрола на власта.

Во изминатата година бев нарекуван шпион, платеник, криминалец само затоа што откривав милионски корупциски афери. Вака изгледа една година за новинар во заробена земја.

После цела тортура некој ќе ме убедува да славам светски ден на слободата во медиумите? – Ма ајде ви се молам! Далеку сме ние од светот кога е во прашање слободата на изразување, далеку сме и од Балканот!

Во друг статус пак Златев напиша:

Искрено не можам да разберам политичари што не освоиле ни 10.000 гласови, а уште сакаат да се бават со политика.

Исто и оние што никогаш не собирале потписи за листа или за претседателски кандидат а нешто сакаат да коментираат и полемизираат.

Да немаш општ сенс за тоа колкава поддршка имаш а упорно да сакаш да се наметнуваш во политиката е особина на крајно глупави луѓе. Па дури и судат и делат правда што чинело а што не.

Дај уживајте во животот, долгите прошетки на сонце во природа ќе ви донесат позитивна енергија. Планинарете, одете на риболов, можете дури и гулуби да одгледувате или пчели. Ама дај бе, дај не спамирајте и не замарајте со нешто за што постои емпириски доказ дека не ве бива…

Претходна статијаСашо Тасевски: Ќе победи ВМРО и ќе имаат минимум пет пратеници повеќе
Следна статијаНаум од Америка до Пендаровски: Државата со тоа име Македонија, како таква веќе не постои