Во омилената дестинација за одмор на Македонците нема да може да влезат луѓе над 48 години

0

Веќе е познато дека Грчкиот министер за туризам изјави дека сите туристи кои планираат да ја посетат Грција ова лето, по почетокот на сезоната, што почнува на 1 јули, ќе треба да имаат негативен тест за вирусот корона пред да се качат во авионот.

„Идејата е да се изврши проверка во земјата пред туристите да заминат во Грција, така што луѓето кои веќе се во авионот ќе се чувствуваат безбедни затоа што другите патници се исто така негативни на коронавирусот “, рече Харис Теохарис за германскиот весник „Фаз“.

Иако потенцираше дека епидемиолозите сè уште не донеле конечна одлука, министерот кажа дека луѓето мора да имаат можност да се одморат и да не се прашуваат на плажа која е стапката на зараза во земјата од каде дошол туристот што седи до нив на плажа.

Според германскиот весник, моментално понудените тестови за коронавирус на аеродромот во Виена чинат 190 евра.

Весникот „Египет Индипендент“ пишува дека властите во Египет по завршувањето на пандемијата привремено ќе ја ограничат возраста на странските туристи кои влегуваат во земјата на 48 години, пишува „Монитор“.

Весникот се повикува на изјавата на шефот на Министерството за туризам и антиквитети на Египет Калед ал-Анани, кој прецизираше дека кога границите на земјата ќе се отвораат за странци, првично да им се дозволи влез на на туристите кои не се постари од 48 години во Египет. Во исто време, гостите мора да имаат таканаречен „здравствен пасош“.

Претходно беше објавено дека до јуни хотелите во Египет ќе работат со минимален капацитет и само за граѓаните на земјата, потоа од јули се планира да се започне со прифаќање на странци согласно сите стандарди за безбедност.

Египетските експерти во туристичката индустрија велат дека туристичкиот сектор во земјата губи околу една милијарда американски долари месечно поради пандемијата COVID-19.

Претходна статијаВоздушниот простор се отвора: „Визер“ вечерва со три линии ги обновува летовите од нашата соседна држава
Следна статијаБил милионер и живеел луксузно, а сега среќата ја нашол на пуст остров