Во Чаир хуманитарна акција: Ако имаш, дај, ако немаш, земи

0

Влезе во продавница и купи млеко. Купи две литра и ги стави во две посебни кеси. Еден литар млеко го стави во корпа.

ТВ21: Зошто ја ставивте храната таму?

-Вообичаено за време на Рамазан што ќе купам за себе купувам и за сиромашните. Тие што немаат, доаѓаат и земаат сами, за да не им е срам, земаат и си одат.

ТВ21: Го правиш ова по своја волја?

-Да, го купуваме по своја волја. Можеби два пати на ден, а еднаш сигурно. Или јас или сопругата кога пазариме за преку месецот купуваме во маркети, а дневниот пазар го правиме во малите дуќани.

Поставувањето на овие корпи не е иницијатива на дуќанџиите, туку на хуманитарната организација „Златна рака“. Дуќанџијата само прифатил да биде дел од акцијата за помош на сиромашните во деновите на Рамазан.

-Целта е да им се помогне на сиромашните во време на Рамазанскиот пост. Колку што можеме, сакаме и ние помагаме.-вели дуќанџија.

“Златна рака“ се одвива во Чаир под мотото “Ако имаш, дај, ако немаш, земи“. Целта е граѓаните кога купуваат храна за дома, некој од производите да го донираат за сиромашните. Причината за оваа акција е Рамазан и кризата од Ковид-19.

-Полицата на милосрдието како што гледате е идеја која овозможува да се донира или да се придонесе за сиромашните, да помогне секој, а не само некој со добар финансиски статус. Секој муштерија кој може да купи некој производ за своето семејство, може да донира во оваа кошница или полица по некој продукт и да се солидаризира со сиромашните.-вели Менсур Красниќи од „Златна Рака“.

Акцијата се одвива во уште десет дуќани и од денеска се вклучени и пиљарите. До сега се собрани 87 пакети со храна, некои од нив следната недела ќе им бидат доставени на затворениците.

-Се планира да се поделат пакети со храна и за таа категорија, за затворениците, бидејќи како што сме информирани таму има наши браќа кои се од Косово и нивните семејства поради пандемијата не можат да ја поминат границата и да им помогнат-рече Красниќи.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ 21

Претходна статијаНаум од Америка до Пендаровски: Државата со тоа име Македонија, како таква веќе не постои
Следна статијаВеап, првиот дебарчанец заразен со Корона низ солзи сведочи низ што минувал: Негира дека вирусот го донел од Италија