(ВИДЕО) Тони од светиниколско емотивно: Со овој стап 25 години ранам фамилија

0

Животот на Тони Нацевски од светиникослкото селот Ерџелија не е нималку лесен, па пред камерите на ТВ Стар реши да сподели за своето секојдневие:

„Секој ден ми започнува со овој стап, денот започнува рано сабајле, а се враќам навечер, преку ден сум во рид, по стока да запечалам, да исчуваме деца, да направиме нешто.

„Јас 25 години сум овчар, на државна работа нигде не сум бил и со овој стап ден денеска ранам фамилија. Имам жена инвалид, дете инвалид. Внука чувам, снаа ми оди по козите кои ги имаме неколку, а сакаме стадото да го зголемеме. Јас се мачам, детето се мачи, но од тоа живееме.

„Срце храбро, мора да одиме напред, назад нема, враќање назад нема. Секој ден со чисто срце испаѓам, со чисто срце се враќам. Помош од нигде немам. Бев, прашав за социјално, за работа, да ми помогне државата, но никој ништо не ми дава.

„Еве, ова се што го гледате го имаме направено со овој стап. Никој ми нема помогнато, сам себе се мачам. Во овој двор немаат дојдено никој да не погледне или пак да рече чекај да видиме тие луѓе како живејат и од што живеат.

Неговата сопруга Мира која иам 53 е телесен инвалид, а како и нејзиниот сопруг, така и таа кажа неколку збора за тешкиот живот

„Со мака, се мачиме работиме да има за децата да не трпат за леб. Како секој родител што се мачи за своите деца, истото и ние го правиме. Цел живот сум домаќинка“, изјави Мира чија десна рака е 10-годишната внука Анастасија.

И сионот Иван кој има 25-години и иако е телесен инвалид се обидува да помогне на семејството:

„Идејата ми е да го зголемам стадото. Бидејќи никој од нас не е вработен, а овде во селото има место би апелирал ако може да ни даде некој, да ни отстапи со што би го зголемиле стадото што ми е желба.

Претходна статијаНаташа Јакимовска е жената која е бесркајно благодарна на Емилија Динева: Се надева дека наскоро ќе почне да живее како пред да стане пациентка
Следна статијаСе огласи мајката на Моника за Галама: Ние како родители никогаш не се откажавме од неа