(ВИДЕО) Тие се нашите херои: Наместо скара и одмор, со скафандер и пуна анти-корона опрема

0

Како што беше објавено, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти од кои во Скопје 18, Куманово 36, Дебар 1, Штип 1, Велес 10 и Гевгелија 1

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања и потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1494, бројката на оздравени пациенти е 807, на по чинати 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до сите здравствени работници. Тие неуморно се борат за зачувување на јавното здравје.

Големо благодарам и до сите вас кои денес и целиот овој вонреден период сте се на своите работни места.

До сите граѓани апелирам почитувајте ги мерките за заштита, носете лична заштита за уста и нос, држете дистанца, почитувајте го ограничувањето на движењето.

Заштитете се себе и сите оние кои неуморно работат во служба на нашето општество. Заедно ќе надминеме!

Медицинскиот техничар од Центарот за јавно здравје Денис Јанкуловски е задолжен со своите колеги да земат брис на пациентите за кои имало индикации за присуство на коронавирус.

Теренот за овој медицински работник и за неговите колеги од Центарот за јавно здравје е буквално секоја педа од Скопје и околните населби, од Долно Коњаре до Стопански двор, а задачата е да земат брисеви од грло и нос по налог и по индикации за коронавирус.

Некои од граѓаните кај кои одат дома се со симптоми, некои се без симптоми, но заради контакти со лица кои имаат докажан вирус и поради резултатите од епидемиолошките анкети се земаат брисевите.

На работа Јанкуловски стигнува во 7 часот наутро кога почнува неизвесниот работен ден. Во просек зема 30 брисеви дневно, не заборавајќи да внесе и доза ведрина и човечност кај потенцијалните пациенти со Ковид 19. Тие се сами, во изолација, па секоја комуникација со некого за нив е бесценета а Јанкуловски тоа го знае.

За Денис и денес немаше одмор, па сподели видео на својот профил на „Фејсбук“ каде што напиша:

Петок, скафандер и пуна анти-корона опрема. Спарно време, мислиш во сауна си. И наеднаш детенцево ни направи да заборавиме на се

Петок, скафандер и пуна анти-корона опрема. Спарно време, мислиш во сауна си.И наеднаш детенцево ни направи да заборавиме на се ❤️

Публикувахте от Denis Jankulovski в Петък, 1 май 2020 г.

Претходна статијаОткако денес примија радосна вест, жителите на Дебар попладнево повторно се стресоа: Сега од земјотрес
Следна статијаГордана Силјановска: На повидок е четвртиот Илинден