(ВИДЕО) Снимка која ја расплака половина Италија – се врати дома после 42 дена во болница

0

Италија се ближи кон бројот од 30.000 по чинати од ковид-19, но ситуацијата е драстично подобра отколку во минатиот период.

Денеска се забележани 269 см ртни случаи, а вчера тој број беше 285. Потврдени се и нови 1.965 заразени, додека претходниот ден имаше 1.872 новозаразени.

Вкупниот број починати од корона вирус е 28.236 лица, а Италија по бројот на смртни случаи е втора во светот по САД, пренесува Ројтерс.

Вкупниот број потврдени случаи до сега е 207.428, а земјата е трета во светот по борјот на заразени по САД и Шпанија.

Некогашниот вработен во клубот Рома, имаше коронавирус, и се врати дома после 42 дена во болница.

Марко Барбиери е 56-годишен Италијанец, кој порано десет години има работено во фудбалскиот клуб Рома како продавач на билети и главен на редарската служба.

Тој се зарази од коронавирусот, цели 42 дена лежеше во болница, и откако оздраве, се врати дома. Моментот на враќање беше снимен, а прегрнувањето со неговата сопруга Тицијана, и особено ќерката Клариса, на кои подоцна им се придружи и синот Мирко, беше многу емотивен и расплака многумина.

Оваа снимка е порака дека надежта не треба да се загуби, и дека треба да се ужива во среќните моменти. Марко сега работи како таксист, а порано бил и во тренерскиот тим на Рома, има работено со Даниеле Де Роси и Марко Дел Векио. Во 2001 година, кога Рома ја освои титулата, Марко беше прв човек кој влезе на терен и прв титулата ја прослави со Франческо Тоти.

Многу членови на Рома му испраќаа пораки на поддршка, а Марко се покажа како вистински римски гладијатор, кој со помош и на респиратор ја доби борбата со непријатната болест.

Претходна статијаГолеми се шансите да видиме море летово кај нашите јужни соседи: Ние сакаме луѓето да дојдат во Грција
Следна статијаОткако денес примија радосна вест, жителите на Дебар попладнево повторно се стресоа: Сега од земјотрес