(ВИДЕО) Денес се правеше свадба во Велес иако периoдов има најмногу нови случаи со Корона во овој град

0

Велес не е ново жариште за ширење на коронавирусот бидејќи инциденцата е многу мала, помала и од Куманово и од Прилеп. Сите случаи се поврзни со веќе докажани пациенти, односно дефиниран е кластерот, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

-Го знаеме кластерот-групата, и во таа смисла не е некоја неконтролирана трансмисија и не е потенцијално жариште бидејќи имаме увид.

Како што најавив денеска во ЦЈЗ присутни се како подршка и за дополнителна стручна консултација луѓе од ИЈЗ и ДСИ за подетално да се направи анализа на овие случаи. Разговарав и со директорот во болницата во Велес.

Така што целокупната ситуација во Велес е под контрола, рече Филипче запрашан во врска со зголемувањето на бројот на нови случаи во овој град во последните неколку дена.

Денес во населбата Поток во Велес беше организирана свадба. До нашата редакција денес беше испратено видео од веселбата во Потокот.

И покрај мерките и препораките на здравствените власти да нема поголеми групирања и собири, денес во Велес се организираше веселба.

Државните здравствени власти препорачаа сите веселби да бидат откажани наредниов период, но за велешани ова денес не важеше. Веселбата беше по улиците низ Потокот.

Им посакуваме се најубаво на младите, но пред се е здравјето на граѓаните.

ВИДЕО: Велес Денес

Претходна статијаНема патување во ЕУ земјите од Шенген уште нови 30 дена – еве до кога ќе важи забраната
Следна статијаЈоци до Заев: Престанете да барате оставки и да глумите финоќа – почнете да разрешувате