(ВИДЕО) Бурна ноќ – полицијата приведе седуммина свештеници поради кршење на мерките во Црна Гора

0

Црна Гора в петок го укинува полицискиот час и ги отвора и плажите, со задолжителни мерки за физичка дистанца.

Обврска е на сопствениците на плажите и угостителските објекти да ги истакнат мерките, вработените да носат маски и на маса да седат најмногу по четири лица, освен ако не станува збор за семејство.

Најмало растојание меѓу масите мора да биде два метра или со параван, дезинфекција на рацете на влез и излез, без самопослужување, без стоење и задржување на шанк.

Претходно беше најавено дека угостителските објекти ќе почнат со работа од 18 мај.

– Од петок во целата држава е дозволен сообраќај со патнички и такси возила (бројот на лица согласно сообраќајната дозвола), а од понеделник и внатрешниот јавен патнички и железнички превоз, соопшти Владата на Црна Гора.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, двајца свештеници од СПЦ во црногорската општина Бијело поље синоќа биле повикани на информативен разговор, поради присуство на протестен собир два часа претходно.

Подгорички „Вијести“ јавија дека освен нив, на информативни разговори повикани се повеќе граѓани кои присуствувале на протестот поради спорниот Закон за слобода на вероисповед.

Пред спонтаниот собир на градскиот плоштад во Бијело поље граѓани со автомобили со труби кружеа по улиците на градот, наведуваат „Вијести“, со напомена дека насобраните граѓани ниту носеле заштитни маски, ниту држеле потребна дистанца.

Од СПЦ во Бијело Поље соопштија дека не стојат зад организацијата на протестот и оти повеќе свештеници излегле на улиците откако дознале за протестот и со цел да оневозможат евентуални нереди.

Sveštenici pjevaju u POLICIJSKOJ stanici!Đukanovićeva MAFIJA krenula na ljude iza kojih stoji sami BOG. ZATO ĆETE I DA IZGUBITE OVU BITKU!✊

Публикувахте от Манастир Острог † Manastir Ostrog в Вторник, 12 май 2020 г.

Вчера попладне, полицијата во Никшиќ, по налог на црногорското обвинителство, на сослушување приведе седуммина свештеници од СПЦ поради кршење на мерките на Националното координативно тело, а по одржана литија.

Претходна статијаОмилената туристичка дестинација на Македонците во Истанбул ги отвора вратите за посетителите
Следна статијаТања Царовска: Вчера и пишав и на мојата братучетка, Мила Царовска, прв пат во живот и се обратив за помош