Во соседна Србија за последните 24 часа се регистрирани 67 новозаболени од коронавирусот, додека две лица за жал ги изгубија своите животи.
Во тој период се тестирани 5.700 лица, а вкупно до сега во Србија се тестирани 15.304 лица.
Со тоа вкупниот број на случаи порасна на 10.243, а од последиците на вирусот по чинати се 220 лица. Излечени се 3.600 луѓе.
Во болници моментално има 1.085 пациенти, а по последните податоци процентот на смртност изнесува 2.15
Како што најавуваат нашите сосед, Србија на 1 јуни ќе ги отвори границите со Македонија, но и со уште 3 земји од окружувањето.
Како што пренесува порталот, во потполност ќе се отворат границите со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора. Ваквата одлука е донесена, бидејќи ниту една од овие земји не беше жариште на коронавирусот.
Одлуката е донесена најмногу заради студентите од Република Српска и Црна Гора, кои циркулираат меѓу тие 3 земји.
Српските државјани ќе може да влезат во земјата само со негативен ПЦР тест на коронавирус и да се движат низ земјата. Тестот не треба да биде постар од 72 часа. Ако немаат направено тест, српските државјани по влезот во земјата ќе мора да поминат во домашна изолација 14 дена.
Странците во Србија ќе можат да влезат под два услови, со негативен тест на коронавирусот, не постар од 72 часа и со потврда издадена во српската амбасада или конзулатот во земјата од каде што доаѓаат.
Ова секако е добра вест за многу Македонци кои патуваат во соседна Србија за најразлични бизниси, но пред се важна е за транзит за нашинците кои одат кон западно европските држави.