Сашо Тасевски: Сакате брзи избори токму зашто вам ви е страв – си знаете, септември ќе излезе народ на улици

0

Актерот Сашо Тасевски кој е познат по своите реакција на социјалните мрежи, денес повторно се огласи на својот фејсбук профил каде што го напиша следново:

Секој ден има по 30 заразени од 150 или 200 тестирани. Уште ќе ум ираат луѓе, вие сте напнале за избори. И онака по см ртност по глава на жител сме на врвот во регионов.

Какво намалување на кризата, кого мувате. Од почеток вие палите и гасите. Сега дека сакате избори, па божем заразата намалува.

Сакате брзи избори токму зашто вам ви е страв, оти знаете, во септември ќе почне да пука по шавови се наоколу. Ќе намалувате плати, ќе рикаат помали бизнизи, ќе отпуштате куп луѓе и од администрација, тоа ќе го бара ЕУ, ќе воведувате и други мерки на штедење…

ЕУ ќе го бара и тоа се погласно од вас. Затоа ви се брза, нема врска со мерките, кривата и правата…

Си знаете, септември ќе излезе народ на улици. За тој втор бран пеете цело време. Затоа гледате на две на три, да ги одржите изборите во јуни. Иако пак ќе ги молите оние од Калето за мандат во судиско време, па и по мечот.

Со цела помош што ќе ја добиете од надвор, изборите ќе ви бидат кошмар. Ќе се измачите, стварно ви велам.

Претходна статијаИталија се соочува со голем недостаток на сезонци, меѓу нив и Македонците
Следна статијаВест која сигурно ќе израдува многу Македонци: Нашиот сосед од 1. јуни ги отвара границите