Веап, првиот дебарчанец заразен со Корона низ солзи сведочи низ што минувал: Негира дека вирусот го донел од Италија

0

Во најновот издание на емисијата Код која се емитуваше на Телма ТВ повторно тема беше актуелната состојба со Корона вирусот во нашата држава.

Добро познато е веќе дека прво жариште во нашата држава беше Дебар и Центар Жупа каде што сега повеќе нема ниту еден нов случај и сите што беа заразени се излеченеи.

Први од овој регион беа сопружници од село кај Центар Жупа, а еден од нив бешеВеап Мустафа кој ги раскажува деновите поминати на Инфективната клиника.

На почетокот со сопругата биле сместени во една соба но како поминувало времето нејзината состојба се влошувала. Алије е ставена на респираторна машина , нејзината состојба станува критична..

Веап се чувствувал подобро, но како неговата состојба се подобрувала така се влошувала таа на сопругата. Тој имал само неколку дена температура над 40 но за разлика од Алије немал висок притисок и толкави приблеми со срцето..

Епидемиологот најтешко го доживувал моментот кога некој од нив го молел за спас –да го излечи а тоа не било во моќта на доктор Ментор. Иако во светски рамки поголем број од заразените се мажи одошто жени во Макеоднија а особено во Дебар состојбата е обратна. 28 заразени жени и 22 мажи . Тоа е поради фактот што повеќето од жените кои биле на сочуство за починатиот имале поблизок контакт од мажите, се гушкале при поздравувањето за разлика од мажите кои поинаку го изразувале сочуството.

Но не бил само смртниот случај повод за собирање. Празникот на жената 8-ми март исто така ги зближува луѓето да бидат на едно место.

Веап во своето излагање кажа дека тој вирусот не го донел од Италија каде што бил кај своите синови во Бреша, туку дека се заразил во Дебар.

Целото негово сведоштво може да го проследите на Телма ТВ.

Претходна статијаВо Чаир хуманитарна акција: Ако имаш, дај, ако немаш, земи
Следна статијаВонредната состојба се укинува од Ѓурѓовден, од четврток ќе немаме полициски час – објави Вучиќ