Ванковска: Никој жив не знае да ми објасни кој ѓавол го тераше Грујо да се зафати со таа „реформа“

0

Статус на професорката Билјана Ванковска:

Минатата година бев поканета да напишам труд за едно француско научно списание за т.н. колективна акција (collective action) и се нафатив да пишувам за случувањата од 2014/2016 година (од пленуми до Шарена револуција). Основата на таа статија веќе ја имав во текст планиран за еден book chapter (Macedonia: It Might Have Been Spring), но тој проект пропадна, а јас го имав материјалот.

Токму пред неколку дена ги добив двете позитивни рецензии за статијата која има наслов „Химерата на Шарената револуција во Македонија: Колективната акција на европската периферија“ (THE CHIMERA OF COLORFUL REVOLUTION IN MACEDONIA: COLLECTIVE ACTION IN THE EUROPEAN PERIPHERY).

Направив само мали појаснувања каде што ми беше сугерирано, и апдејт на ситуацијата пост-Шарена револуција, и тоа ќе оди во печат наскоро. Можеби ќе можам во последен момент во фуснота да го додадам и признанието на Заев за „неговите деца“ – бидејќи на некои луѓе од надвор ова им беше тешко да поверуваат и мислеа дека употребувам пресилни констатации.

Но, исто како и со бо мбите за Грујо, и овие за Заев не ни откриваат нешто што не сме го знаеле, само ја разголуваат вистината. Истото е и за надворешното влијание врз организирирањето на отпорот против режимот, т.е. самата „револуција“ беше форма на смена на режим по сценарио (regime change).

Ова го зборував и додека се случуваше, а и цело време оттогаш до денес – и затоа и мислам дека таа шарена лажга има катастрофални ефекти врз (не)способноста да изникне автентично социјално движење одоздола, затоа сме како „евнуси“, пасивни и апатични и недоверливи – и дозволуваме да ни прават што сакаат (оние истите што ја поддржуваа Шарената револуција ).

Мнозина овде имаат кусо паметење, па можат да ми се „пуштат“ со несоновани обвинувања дека и јас сум била дел на тие случувања, и нема да знаат да кажат ни кога, ни колку, ни како… А, вистината е едноставна: јас бев еден од основачите на Професорскиот пленум (кој собра професори од различни универзитети, со различни политички и идеолошки убедувања, а во одбрана на универзитетската автономија – никој жив не знае да ми објасни кој ѓавол го тераше Грујо да се зафати со таа „реформа“ и зошто не слушаше кога му укажувавме, ама така е со забегани лидери кои не гледаат што им се случува под носот).

Јас го основав ПП, но и прва го напуштив – затоа што ме линчуваа оние коии набргу го киднапираа и ставија во рамки на веќе договорената политичка агенда. Такви како мене беа опасност… Најодвратните напади, потсмевања и плукања ги доживеав од колеги-професори (Фрчко, Габер, Колозова, Стефановиќ, итн.), а на тоа се надоврза и Ефтов кој имаше задача и јавно да ме декласира.

Мина и тоа, издржав, памет не ми дојде, пак протестирав, пак организирав, пак правев петиции, трибини – кога другите си дремеа и свиркаа… Не можам да не почувствувам мала лична сатисфакција што токму оние кои најжестоко ме напаѓаа насокоро се покажаа во вистинска светлина – како бранители на делото на оној морон со IQ33 и тоа за хонорари и функции.

Моите научни трудови ми се најдобро сведоштво за тоа што сум мислела и анализирала кога другите се правеле на удрени – и сега се изненадени!

Претходна статијаДенис од Центар за јавно здравје Скопје: Доста е, ги преминавте сите граници
Следна статијаДенес ширум Македонија се слави 1. мај иако сме 10. мај – излетничките места преполни