„Тато зошто Бугарите не ни даваат да зборуваме македонски“

0

Актерот Сашо Тасевски во еден од своите статуси деновие меѓу другото го напиша и следново:

Чукна часот кога од децата добиваш тешки прашања. Вчера син ми Кален, 10 години, онака апансас, во негов стил, додека одат вести на тв, а он игра игрица, мислиш не следи ништо, ме прашува:

Тато зошто Бугарите не ни даваат да зборуваме македонски? Поточно, дали ние ќе мора да престанеме да зборуваме македонски ако Бугарите не ни даваат??? Жими се, не измислувам.

Еј, не можев да почнам да му одговорам од срам дека мора да му одговорам на тоа прашање.

Си викам ако му одговорам кратко нема да не сфати, мал е. Затоа реков морам со подолгиот одговор, кој ќе го разбере. Е да, ми текна, може ќе развие непријателски став кон Бугарите, а не сакам така. Така се борев во себе. Најпосле си реков, зошто си трескам глава толку.

Нивниот однос кон нас е понижувачки и фашистички. Нема што да ги штедам. Нека знае се. И почнав да му објаснувам за тоа каде лежи зајакот на тие нивни барања. Не ги штедев ниту во една секунда.

И за проблемот со Грците му раскажав, за етничкото чистење на нашите таму. Првпат му зборував за тоа. Добри 20 минути. Па се приклучија и ќерките на муабетот. Нека знаат, за утре никој да не им ја полни главата дека се некои други, а не тоа што се.

Сепак, ми остана до некаде чувството на срам што морав да им објаснувам луди нешта. Кои во нормална земја родителите не им ги објаснуваат на децата.

Не знам за сите вас околу Лепи Дечко, Зоки и компанија, како можете уште да ја поддржувате таа понижувачка срамна политика на распродавање на она што е наше.

Децата ја следат таа приказна сакале или не и им создава каша во глава. Ги збунува. Ги плаши. Не ве мразам, ама правите големо зло, поради кое веќе сте и ќе бидете уште повеќе запизмени. Нека ви служи на честа која ја немате.

Претходна статијаДокторот Бранимир: Јас сум за сите под 65 години да се заразат со Корона
Следна статијаВанковска: Јас сум од оние кои не можат да замислат да излезат надвор без шминка