Извршниот директор на компанија во Америка, Лери Конор на берза заработил 1.6 милиони долари и одлучил сите да им ги подели на вработените кои најмного биле погодени од коронавиpусот.
Лари кој е основач на компанијата “Конор Груп” им соопшти на вработените дека компанијата од секогаш ги ценела вистинските вредности и дека вработените се секогаш на прво место.
“Сите овие 1.6 милиони долари ви ги давам вас. Според мене, тоа не е подарок. Вие си ги заработивте”.
“Парите на вработените ќе им бидат поделени во облик на бонус во износи од 2.000 до 9.000 долари, во завност од нивната позиција во компанијата, објаснила портпаролката“, Аманда Браун, која додала дека бонусите нема да ги добијат вработените чија основна плата е поголема од 150.000 долари годишно.
Инаку, компанијата на Лери која се наоѓа во Охајо има 400 вработени, а поголем број од нив продолжија да работат и покрај заканата од вирусот. Просечната плата на вработените кои ќе го добијат бонусот, е околу 42.000 долари годишно.
„Семејстото е на прво место, тоа е она што ме држи на оваа работа. Секогаш чувствував дека не се грижи само за мене, туку и за доброто на моето семејство. Секогаш се тука да помогнат“, раскажал вработениот Мемо Алба кој во компанијата работи веќе 13. години.
Освен овој бонус, компанијата се обврзала дека ќе ги плати сите неочекувани трошоци за децата на вработенте и дека ќе ја прошири својата програма за позајмици на вработените.
На крај што ни останува да додадеме, кога го читате ова сигурно и самите вие си велети: Камо среќа и кај нас во Македонија да имаше вакви газди како Лери.