Актерот и писателот Сашо Тасевски денес повторно беше активен на својот профил на Фејсбук каде што напиша неколку статуси од кои ви пренесуваме два:
Љубави, Филипче да не ве вакцинира со нешто горе во вилата? Није могуќе, што збориш? Битно ти е само да не прифатат во западниот свет како Македонија ИЛИ Северна Македонија.Уште не се одлучи кое име појше ти се свиѓа?
Второ, што ако те прифатат бе љубави, ако биде тоа без народот кој ја создал Македонија според своите идеали и замисли, а тоа се Македонците. Што ако те гушнат и без македонскиот јазик како темели на тој македонски идентитет, кои твоите и тие околу тебе полека го бришат по инструкции од твоите мили западни пријатели. Затоа е потпишан договорот со Бугарија и затоа е формирана “тази комисија од историци”.
Љубави бе, што имаш толку против Неврзаните жити мајка? Тие барем имаат достоинство да кажат дека нејќат да седат во скутот на империјализмот, во кој ти би бил среќен да се клацкаш.
Трето, морам пак со пример на сличен идентитетски судир. Замисли СОВЕТНИК на претседателот на Р. ИРСКА да излезе во јавност со став: Ние сме исто со Англичаните. Треба да прифатиме дека сме прво Англичани, дека зборуваме дијалект на англискиот, дури сме и протестанти и треба веднаш да се обединиме со мајчичка Англија.
Љубави бе, што мислиш, уште колку секунди по оваа изјава ќе му биде советник на претседателот?
Што има врска тоа ако таков некој божем ти контрира на ставовите? Добро, нека не е полтрон кон тебе, но што ако е полтрон кон странска држава? Што ако во твојот тим смислено го мати умот на другите советници? Или пострашно, го мати умот на јавноста?
Тоа љубави се нарекува субверзивна непријателска дејност, како дел од специјалната војна во државата цел на напад од надвор. Војна преку пропаганда која ја водат внатрешни непријатели или агенти, андер кавр.Секоја нормална држава со рефлекс за самоодбрана, тие луѓе ги изолира, итно.
Извини вака љубави, не сум професор ко тебе, ама некои лекции од ОНО во средно школо сум ги научил. Врати се на нив. Повторувањето е мајка на знаењето.
Тасевски во друг статус пак пишува:
Ги намалија бројот на тестови за да прогласат крај на епидемијата и вонредните мерки и да одат на избори.
Значи џабе затворавте луѓе по дома.
Сега одеднаш ќе го снема вирусот. Преку ноќ. И ќе прогласат победа.Дали вие останатите конечно сфативте како и зошто ве манипулираа два месеци.
Само сметката околу изборите без крчмар ја прават. Им се брза нешто. Додека имаат некој рејтинг, оти знаат брзо ќе го прокоцкаат од септември кога ќе рикне целиот систем.
На терен нема да победат. Со гласови пак ќе победи ВМРО и ќе имаат минимум пет пратеници повеќе. Моја прогноза. Америте им се единствен спас на актуелниве власти, да им формираат влада, ко пред три години.