Путин и се обрати на руската нација и сподели важна вест за Корона вирусот

0

Бројот на потврдени случаи на COVID-19 во Русија скокна за 11.565 во еден ден на вкупно 221.344 во сите региони, соопшти рускиот Центар за борба против коронавирусот.

Во соопштението се наведува дека досега оздравеле 39.801 пациент, а по чинале вкупно 2.009 луѓе. Според податоците од Центарот, дневниот раст на бројот на случаи изнесува 5,6% во споредба со претходните 24 часа кога тој изнесуваше 5,5%.

Оттаму истакнуваат дека 5.417 или 46,5 отсто од случаите се асимптоматски, што дополнително ги загрижува здравствените власти. Во Москва се пријавени 6.169 нови случаи на заразени со коронавирусот, што ја зголемува вкупната бројка на заразени во главниот град на 115.909, со стапка на раст од 5,6% во споредба со вчерашните 5,3%.

Бројот на см ртни случаи поврзани со COVID-19 во Русија се зголеми за 94 во изминатите 24 часа.

Претседателот на Русија, Владимир Путин објави вест дека земјата постепено излегува од мерките на ограничување, воведени поради епидемијата на корона вирусот, и покрај тоа што има повеќе од 200.000 заболени и што тој број од ден во ден расте.

Путин во обраќањето кажа дека неработните денови поради епидемијата се завршуваат на 12 мај, но дека шефовите на регионите имаат право за режимот на карантин да одлучуваат самостојно, во зависност од епидемиолошката ситуација.

Сите мораат строго да ги почитуваат санитарните проиписи, што се однесува до претпријатијата од сферата на услугите и трговијата- рекол Путин.

Навел дека Русија го зголемила бројот на тестирања и дека до средината на мај ќе стигнат до бројката од 300 илјади дневно, додавајќи дека благодарение на претходно превземените мерки сочувани се илјадници животи.

За лицата постари од 65 години и оние со хорнични болести, режимот на ограничување ќе биде задржан, а масовните собирања и понатаму остануваат забранети.

Претходна статијаЕдна од најпознатите авиокомпании објави дека летово воопшто нема да лета од и до Македонија
Следна статијаСтудентите веќе се во загуба: Стипендиите доцнат, а САД и Германија ова лето нема да ги видат