Една од најпознатите авиокомпании објави дека летово воопшто нема да лета од и до Македонија

0

Сѐ уште е рано да се размислува за отворање на аеродромите, рече пред неколку дена министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој потсети дека и натаму е во сила препораката граѓаните што стигнуваат во земјата да одат во државен карантин во времетраење од 14 дена.

„Сѐ уште е рано да размислуваме за отворање на аеродромите. Тоа отвора други прашања за тоа од каде доаѓаат луѓето. Голема бројка на граѓани ќе стигнат. Сѐ уште е во сила препораката за државните карантини и тоа останува засега. Не размислуваме за промена на оваа стратегија. Во тек се консултации со околните земји за некаква форма на регионален пристап“, рече Филипче.

Од „Катар ервесј“ пристигна официјална информација дека по речиси три години директни летови меѓу Скопје и Доха, летово нема да ја опслужува оваа авиолинија.

Глобалната пандемија на корона вирусот и огромното намалување на интересот за патување со авиони придонесоа катарската авиокомпанија од крајот на мај да планира авиосообраќај само до 52 дестинации, додека во јуни би се активирале редовните летови до вкупно 80 дестинации, се нагласува во нивното официјално соопштение.

На веб-страницата на „Катар ервејс“ можат да се набават авиобилети за директни летови меѓу Скопје и Доха дури за крајот на октомври годинава. Во меѓувреме, патниците кои треба да летаат кон и од оваа дестинација имаат избор за трансфер од аеродромите на неколку града во регионов (Истанбул, Виена, Загреб и Белград), преку кои тие би патувале од и до Скопје.

Покрај „Катар ервејс“, скопскиот аеродром летово ќе остане и без планираното воспоставување на новите дестинации кон Израел и Турција.

Планираните летови меѓу Скопје и Измир за крајот на мај се откажани, а истото важи и за директното поврзување меѓу Скопје и Тел Авив за првата половина на јуни, пишува специјализираниот портал за авиација „Екс-ју авиејшн“.

Авиосообраќајот од двата аеродрома во земјава беше прекинат на средината на март, без најава од државните власти за конкретен датум кога тој повторно ќе биде воспоставен.

Претходна статијаИако имал корона вирус, жител на Радовиш си бил и на куќна прослава и во продавница
Следна статијаПутин и се обрати на руската нација и сподели важна вест за Корона вирусот