Омилената туристичка дестинација на Македонците во Истанбул ги отвора вратите за посетителите

0

Турција подготвува посебни хигиенски мерки и стандарди за да се подготви за враќање на туристите, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Есрој.

Чекор по чекор, ограничувањата за патувања во земјата постепено ќе се укинуваат од крајот на мај, а меѓународните летови постепено ќе бидат воведени, пренесува Seebiz.

“Владата изработи Програма за сертификати за хотели и ресторани кои ќе треба да исполнуваат строги критериуми“, рече Есрој.

Постојат вкупно 132 критериуми, вклучувајќи почитување на хигиенските услови и социјалното растојание.

Вработените ќе мора да бидат обучени за спречување на ширење на инфекција. Се укинува самопослужувањето со храна и пијалаци. Владата, исто така, ќе објавува список на болници со нивните капацитети коишто се достапни во популарни туристички центри.

Туризмот е значајна гранка од турската економија, а оваа година турските власти пред појавата на пандемијата очекуваа доаѓање на 58 милиони гости.

Истанбулскиот 559 години стар Grand Bazaar или познат како Капали чаршија, ќе ги отвори своите врати за посетители на први јуни, по двомесечна пауза, пишува „Дејли Сабах“

Ќе бидат воведени строги мерки при влезот на сопствениците на дуќаните и посетителите. Се воведува и ново работно време, па наместо од 8 до 18 часот, ќе работи од 10 до 16 часот.

Сите работници и посетители ќе бидат обврзани да носат маски и да се придржуваат на правилата на социјална дистанца, а нивната температура ќе се мери пред влезот.

Отприлика 25.000 луѓе работат во 4.000 продавници во Капали чаршија, којашто е затворена на 24 март, во рамки на мерките за спречување на Ковид -19.

Претходна статијаДоктор Кленкоски: Јас претпоставував дека овој народ е неблагодарен, самобендисан, покварен, но до ваков висок степен не верував
Следна статија(ВИДЕО) Бурна ноќ – полицијата приведе седуммина свештеници поради кршење на мерките во Црна Гора