Оливер Спасовски: Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко

0

Ѓорѓи Николов Делчев попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Во Бугарија исто така му оддаваат почит на Делчев како национален херој.

Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.

Техничкиот Премиер Оливер Спасовски утрово преку својот профил на Фејсбук напиша:

Го продолжуваме делото на нашиот великан Гоце Делчев!

Гоце Делчев е светлото име кое ја означува нашата борба за слобода и за независна Македонија. Гоце Делчев е нашиот голем учител, нашиот пожртвуван револуционер, нашиот патоказ кон иднината.

Како што истакнува Пејо Јаворов, соборец на Делчев и негов прв биограф, „македонскиот народ го гледаше во неговото лице најблискиот, најверниот, најсаканиот свој учител, пријател и син“.

Со својата мисла и дело Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко. Не само во минатото, туку и денес во современа Северна Македонија и пошироко.

Како што укажа неодамна и Кица Колбе: Визијата на Гоце Делчев за „културниот натпревар“ ја антиципира идејата на европското обединување половина век пред нејзиното пројавување по Втората светска војна.

117 години по неговата трагична см рт, наша должност е да го продолжиме неговото дело и да го негуваме и почитуваме Гоце Делчев како лик кој сплотува, обединува и мотивира на борба за уште поголеми слободи и права и културен натпревар меѓу сите народи.

Претходна статијаПолицаецот Боби за да стигне на работа од Скопје до Белановце оди пеш или со автостоп
Следна статијаЗаев: Гоце Делчев се бореше за за полна политичка автономија на Македонија и на Македонците