Најчевска: Бујар Османи мора да биде разрешен од функцијата

0

Исламската верска заедница нема намера да ја повлече одлуката за отворање на храмовите на 12-ти мај и државата е должна да изготви сет мерки кои верските заедници ќе ги почитуваат, вели вицепремиерот Бујар Османи.

Тој денеска одржа состанокот со кризниот штаб во Струга на кој што се разгледувала состојбата во градот по неодамна одржаната литија по повод верскиот празник Свети Ѓорѓија.

Вицепремиерот вели мора да се покаже повеќе разбирање за потребата од одржување на верските обреди иако настанот од пред неколку дена се чини дека бил индиректна закана за државната стратегија за борба против пандемијата.

Што се однесува на очекувањата за намалување на рестриктивните мерки, тој појасни дека одлуката ќе се носи согласно прецизно утврдени параметри, а не според некакви политички калкулации.

Со неколку реакции на оваа тема се јави професорката Мирјана Најчевска кој прво напиша:

Дали ова значи дека учениците и наставниците и студентите и професорите и театарските работници и филхармонија и балет и спортистите се криминалци?

Бујар Османи и дневна доза на глупост. Веќе не се ни нервирам, само е смешно. Ама навистина смешно.

За да потоа во нова објава професорката побара и оставка од Бујар Османи:

Бујар Османи мора да биде разрешен од функцијата како човек кој промовира непочитување на мерките кои се пропишани од страна на Владата заради пандемијата.

Тој поттикнува на непочитување на мерките, поттикнува на верска нетршеливост и поттикнува дискриминација. Дефинитивно треба да биде тргнат, ако веќе немате сили да го судите и осудите.

Претходна статијаМакедонските музичари се жалат: Најголемиот број немаме никаква заштеда, егзистенцијално загрозени
Следна статијаРечиси половина од граѓаните не слушнале дека Македонија добила помош во време на корона периодот