Маја од Куманово моли за помош: При секое одење во полиција не пречекуваат со „пак ли ти“, „пак ли вие“

0

По прекинувањето на љубовна врска со косовски државјанин во Германија, Маја Крстевска, нејзиното семејство, но пријателите се жртви на интернет тортура.

Косовецот кој во моментот живее го Германија и се заканувал на Маја дека ако не му праќа ек сплицитни фотографии негови луѓе ќе го ки днапираат нејзиниот 9-годишен син и ќе го однесат во Гњилане, Косово. Тој одел дотаму што од неа барал со нож да си прави рани на рацете преку видео повик.

-Имам за кана од негова страна „Ти со мене немаш ништо, јас ќе ти правам проблем со други луѓе, да не можеш да излезеш на улица, да те плукаат сите, да не можеш да најдеш работа. Ако отидеш во Америка и таму ќе те знаат сите. Ќе направам да не можеш да најдеш никој со кој ќе можеш да створиш семејство“, вели Маја.

Фотографиите кои ги собрал сега тој ги користи за да изнуди 20.000 евра од семејството.

Најпрво упаднал во фејсбукот на Маја, но креирал и лажни профили со личните податоци на нејзината сестра, но и профили со податоци од нивни пријатели.

Таму објавувал фотографии од семејството и пријателите, но ги објавил и нивните броеви, пишувајќи дека даваат се ксуални услуги. Граѓани секојдневно ѕвонеле на броевите за да ја добијат наводната услуга. Додека го поседувал нејзиниот личен профил на луѓе им нудел 20 експлицитни фотографии за цена од 200 евра.

Случајот во полиција го пријавувале неколку пати, но надлежните не постапувале.

-Кога се пушти последната слика и се направија последните профили на Инстаграм и Фејсбук јас бев принудена да му се јавам за да се стопира проблемот. Не е дека го немам пријавено проблемот.

Секое одење во полиција не пречекуваат со „Пак ли ти?“, „Пак ли вие?“. Им објаснив каква е ситуацијата дека нешто мора да се преземе, едноставно да ме упатат каде треба да одам, вели Маја.

Пред точно една недела пред вратата на домот на Маја се појавиле две лица кои ѕвонеле на врата, а биле дојдени по 20.000 евра. Наместо да отвори, татко и повикал полиција. Откако полициските службеници пристигнале земале изјава и од нив и од Маја. Таа тврди дека ова е првиот и единствен пат кога тие и земале официјална изјава и направиле записник.

Случајот го пријавила и во германската полиција, доставувајќи и фотографии како докази. Вели дека германската полиција враќала на мејловите, но нема никакви информации дали постапиле по случајот.

Целата сторија со видеоприлог проследете ја на на ТВ Стител.

Претходна статијаГерманија со најава за отворање на границите – познато кога ќе може да се патува таму
Следна статијаАпсолутен херој на денот: Баба Марија со 113 години го победи корона вирусот