Каракачанов: Дедото на Груевски и бабата на Шеќеринска биле најпочитувани бугари во Штип

0

Професорот и прв македонски министер за надворешни работи, Денко Малески, во разговор за бугарската телевизија „Европа“ во емисијата „Слободна зона“, зборуваше за повторното актуелизирање на македонско-бугарските отворени прашања, за неговите погледи за некои од нив и за тоа како да се избегне евентуално вето од Бугарија во преговорите на Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Зборувајќи за Крсте Петков Мисирков, Малески рече дека тој бил Бугарин, но со многу јасни мотиви зборувал за национален сепаратизам, а тоа добро го објаснил во книгата „За македонските работи“.

„Тој (Крсте Петков Мисирков) е Бугарин, очигледно, кој зборувал за национален сепаратизам и затоа бил критикуван. Мотивите му биле јасни. Има едно добро научно објаснување во таа негова книга ‘За македонските работи,’, која е полна со еден збор кој е карактеристичен за модерната научна мисла. Цело време низ таа мала книшка провејува зборот ‘интереси’.

Кои се интересите на големите сили, кои се интересите на Македонија, кои се интересите на соседните земји… Ништо од тоа не се остварува, Балканските војни се случуваат и кога фондацијата Карнеги испраќа една комисија да ги истражи војните, тие во книгата пишуваат: Да, сигурно најдобро ќе беше оваа територија, на последната европска провинција на Отоманското царство, да беше прогласена за посебна држава, како и другите балкански земји. Се разбира, мултиетничка држава“, рече Малески.

Красимир Каракачанов, Бугарскиот министер за одбрана и Вице премиер, објави дека дедото на Никола Груевски, Михаил Мијалков од Штип, и дедото на Радмила Шекеринска, Александар Шекеринов биле почитувани Бугари од Штип.

„Ќе спомнам само дека меѓу основачите на бугарскиот Акционен комитет во Штип е познатиот бугарски патриот Михаил Мијалков, за кого што верувам дека Груевски и неговиот братучед го познаваат добро, бидејќи тој е нивниот сопствен дедо. Во суштина не само што Мијалков се самоопределувал како Бугарнин, туку согласно Уставот на Акциониот комитет, работел за „развој на здрав бугарски национализам“, „обединување на сите Бугари во една голема Бугарија“ и „за борба против непријателските елементи на бугарштината.“

Интересно е да се забележи дека дедото на Груевски помогнал неговата сограѓанка Ратка Шекеринова да добие бугарска државна пензија „за заслуга кон бугарштината“ како сопруга на убиенот од Србите неколку години порано „виден бугарскии деец“ Александар Шекеринов.

Тоа се разбира се бабата и дедото на мојата почитувана колешка Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на Република Северна Македонија. Дедото на Груевски и бабата на Шекеринска тогаш биле најдостојните Бугари во Штип. Заради својата безрезервна преданост кон бугарштината во Македонија, тие ја заслужуваат нашата почит и денеска“, пишува Каракачанов.

Во својот пост Каракачанов тврди дека Груевски не го бидува за историски анализи како што не го бидува и за политика, бидејќи сите виделе како неговата кариера завршила во еден гепек. Според Каракачанов, неславно завршил и обидот на Груевски да го украде името на ВМРО, фалсификувајќи ги идеалите и историјата на Организацијата.

„Неговото ДПМНЕ не е ВМРО. Од ВМРО, српска и руска свирка не бидува и никогаш нема да стане. ВМРО била и секогаш ќе остане најбугарската кауза“, пишува Каракачанов.

Претходна статијаЈоци за Максим: Само ми потврди типов она што го зборев на колеги 2 месеци наназад – дека се фатил на орото со вмројни
Следна статијаБугарски пратеник ја воодушеви македонската јавност со својот потег – со донација од над 60.000 евра