Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски со својот синоќешен статус во кој меѓу другото го кажа и следново, привелее големо внимание: Мојата земја е МАКЕДОНИЈА, Мојата нација е МАКЕДОНСКА
,,Нашите предци биле МАКЕДОНЦИ, ние на овој свет дојдовме како такви и нашите потомци ќе заминат како такви а нивните внуци и правнуци ќе останат МАКЕДОНЦИ, архитипот ќе се пренесува од колено на колено!
Државата ни се нарекуваше Демократска Федерална МАКЕДОНИЈА, Народна Република МАКЕДОНИЈА, Социјалистичка Република МАКЕДОНИЈА, Република МАКЕДОНИЈА, денеска Република Северна МАКЕДОНИЈА, од историски познати причини сплет на околности и услови со повеќепати менуван и надополнуван Устав.
Нацијата ни ја официјализира КПЈ кога ја призна КПМ со што предците наши го остварија вековниот стремеж на многу генерации да се избориме за идентитетско признание, борците на НОБ во духот на илинденците и партизаните во антифашизмот се изборија за независна држава во која покрај нас Македонците живеат и Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и др.
Овој голем меѓународен ден на работникот и работничката класа која од 45та до 80та под лидерство на Тито за помалку од 35 години со лопата и крампа создаде се, од тогаш наваму со багер се руши тоа што беше градено и сеуште неможе да се сруши и во континуитет се распродава.
Се можеме да срушиме и повторно да изградиме но по историјата и идентитетот не смееме да си чепкаме, тоа е наше и на сите кои живееле, живеат и ќе живееме заедно.
Вергината била и ќе биде дел од таа историја и истата со брусалица не се брише, таа или ја имаш заедно со останатите чувства во себе или пак никогаш не била во тебе.
На ова со реакција се јави Јорданка Ивановска Јоци:
У реду е. Само ми потврди типов она што го зборев на колеги 2 месеци наназад – дека се фатил на орото со вмројни и нема откачување веќе.
Во неврзан муабет им велев – ,,Добро, овој Максим не се симнува од Алфа, Мице нешо го фали, вмројни по статуси…го глеате⁉️”.
Фала, маци, луѓе не ми веруваа дека до волку си. Луѓе се колнеа во тебе дека си СДСМ. Сега кумановци знаат кој си.Они гласаа за СДСМ, не за тебе и ,,кутлешите”.
Ова твоево е веќе завршена политичка кариера. Просто, си ја уништи сам. Терај си во провалии со ,,кутлешите” кои Мице ги вее по села.