Иако имал корона вирус, жител на Радовиш си бил и на куќна прослава и во продавница

0

Попладнево од министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти во: Скопје-17, Куманово-9, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-12, Охрид-9, Гостивар-1 и Кичево-1.

Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на по чинати е 91,

Отсекот за економски криминал при Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основно јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против радовишанецот Т.Ј. (58) , заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопштија од СВР-Струмица.

На радовишанецот од 17 до 31 март со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат му било наложено здравствен надзор и домашна изолација поради тоа што во Радовиш остварил контакт со лице од Скопје дијагностицирано како заболено од ковид-19.

„Тој на 4 април околу 10:30 часот отишол на прослава по повод изградба на нова куќа во Радовиш и остварил средба со сопственикот на објектот, а околу 12:00 часот истиот ден се упатил во пункт за достава на брзи пратки во Радовиш, каде остварил контакт со вработената. Со ова пријавениот ги изложил на ризик лицата со кои ги остварил средбите“,се истакнува во соопштението на СВР-Струмица.

Т.Ј. бил тестиран за присуство на вирусот во пунктот на Центарот за јавно здравје Штип на 31 март, а на 5 април добил известување дека кај него лабараториски е потврдено присуство на вирусот.

До добивањето на резултатите, тој не ги почитувал насоките и препораките на Министерството за здравство и одлуките на Владата, иако му било укажано дека треба да остане во самоизолација до нивно добивање.

Претходна статијаЌерката на Цеца, Анастасија сведочеше за страшниот момент на четири години: Срам да ви е
Следна статијаЕдна од најпознатите авиокомпании објави дека летово воопшто нема да лета од и до Македонија