Исламската верска заедница во Македонија претставува заедница на населението со исламска вероисповед, чиј број според пописот од 2002 година изнесува 674.015.
Од осамостојувањето на Македонија, ИВЗ претставува самостојна организација со структура со Џематски одбор, Муфтиство во земјата и во странство, Собрание на муфтиството, Ријасет на ИВЗ, Реус-улулема, Собрание на ИВЗ, Уставен совет.
Исламската верска заедница (ИВЗ) на вонреден состанок вчера одлучи џамиите да се отворат за молитви за верниците на 12 мај.
Како што се вели во нивното соопштение, ИВЗ уште од првите денови на пандемијата на КОВИД-19 се грижи да го заштити здравјето на граѓаните и ги прифати препораките и сугестиите на државните здравствени институции и базирано на исламските принципи, одлучи да ги суспендира колективните молитви во џамиите.
Од ИВЗ велат дека внимателно го следат подобрувањето на здравствената ситуација во земјата и намалувањето на бројот на заразени од КОВИД-19.
На вонредниот состанок одржан на 7.5.2020 донесена е одлука од 12 мај 2020, вторник, џамиите да се отворат за молитви за да можат да се исполнуваат колективните религиозни обврски. Одлуката стапува во сила веднаш, се вели во соопштението.
Од ИВЗ се надеваат дека оваа одлука ќе наиде на разбирање кај надлежните државни институции.
ИВЗ беше единствената религиозна институција во земјава која јавно ги повика своите верници да ги следат препораките за заштита на јавното здравје, велат од ИВЗ.