Осомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното рочиште во судот, рече дека постојат снимки со главниот и одговорен уредник Ацо Кабранов за овој случај. Но, како што истакна, тие не се достапни поради тоа што неговиот телефон не е вештачен.
„На никој од уредниците ниту новинарите не им беше дадена конкретна задача. Исто како што зборувам ќе можеше да го потврди господинот Кабранов, доколку судот оценеше дека требаше да го сослуша.
Исто така ќе кажеше дека ние за овој настан сме зборувале со Кабранов каде што има аудио снимки кои не се достапни на овој суд поради тоа што мојот телефон не е вештачен.
Јас го договорив првото гостување на обвинителката Вилма Русковска во медиумот со кој раководев“, сведочеше обвинетиот Бојан Јовановски.
Бојан Јовановски, обвинет во случајот “Рекет”, денеска во Кривичниот суд ја дава својата одбрана.
Тој истакна дека има докази дека “Рекет” е направен за да се ослободи бизнисменот Орце Камчев, и да се сруши СЈО и Катица Јанева.
„Јас ја запознавам Јанева во септември, а дознавам дека предметот „Империја“ се води една година однапред. Имам докази дека овој кривично-правен предмет „Рекет“ е направен за спас на Камчев, за рушење на СЈО, за рушење на Катица Јанева поради тоа што сметаше и на власта и на опозицијата.
Телевизијата сметаше на многу луѓе, поради тоа што емисијата „македонски инсајдер“ сметаше. Јас не знам зошто не го вештачевте мојот мобилен телефон. Контурите за тангото кое го играм сега е во мојот мобилен телефон.
Немам ништо избришано од мојот телефон. Затоа кога ме испитуваше Рускоска за Меѓународен Сојуз се смееше, и рече дека имало многу добар предмет поради мојот мобилен телефон. Не знам зошто не е извештачен“, рече Боки 13, а пренесе ТВ 21.