Статус на Ангелина Станојоска:
До овој момент никогаш директно не сум нападнала никого, сметајќи дека во ред е да се прифатат недостатоците на системот, затоа што некогаш грешиме и можеме да се поправиме. Но, не, овој пат не, бидејќи си играте со луѓе како да се потрошна стока.
06.05.2020 година, 2 часот по полноќ, Клиничка болница во Битола. Одам со мајка ми која со покачен кр вен притисок од Итната медицинска помош е пратена во Клиничката болница, поради потреба од испитувања. Таму стигнуваме во Ургентно, и мерат температура со пиштолче (она апаратчето што го ставаат во близина на главата) и резултатот укажува дека нема покачена телесна температура.
Не упатуваат на друго одделение за испитувања, на тоа одделение и мерат температура со топломер (класичен начин) и резултатот е 38. Докторката шизи, се повлекува со брзина на светлината назад, вика по сите зошто ја пуштиле пациентката и ја враќа назад на Ургентно.
Тие на Ургентно креваат рамена, прават епидемиолошка анкета – која излегува негативна, се јавуваат на Инфективното одделение, телефонски разговори до бескрај, викаат Интернист, тој крева рамена, и така си стоиме сите на 2 метри оддалеченост, мајка ми лежи на носилка со покачен крвен притисок, висок шеќер во крвта, покачена телесна температура, тие креваат рамена, јас се чудам во кој Монти Пајтон филм сум.
На крајот од Инфективно велат одете слободно на испитувања, нема симптоми за инфекција од новиот вирус кај пациентката. Одиме на две снимања, таму во време на светска пандемија, дежурниот на Рентген 20 минути бара скафандер за да можела да снима и нормално, и таа вика што бараме со суспектна пациентка тука на снимање.
Ај го најде (можеби од фабрика, не знам), ги направивме двете снимања, за потоа да ни речат одете сега на Ургентно и чекајте резултати – ќе бидат готови за 15 минути (се разбира беа готови за 55 минути). Одиме назад на Ургентно, таму велат зошто се враќате овде?
Велам така ми рекоа, тука да чекаме резултати. Знаете кој беше одговорот? Чекајте во ходникот, пациентката не можи да биде внатре, има покачена температура (а сите беа облечени во цела ратна опрема за вирусот). Ова беше втор пат во животот да се почувствувам како куче или маче кое тажно седи на дождот избркано од луѓето.
Пациентката легната на носилка ја оставија повеќе од еден час да лежи во ходникот. Резултатите ги зедов сама, ги прочитаа, се запнаа за Инфективно, таму не креваа на телефон еден час, на крајот кренаа (оти мислев дека ќе кренат на телефон догодина).
Се по протокол, засега нема брис, подобра е, на крајот од приказната пенкалото во Инфективно откажа љубов, не сакаше да пишува. Од Клиничката болница си заминавме во 8 часот наутро. Цели 6 часа траеше нашето патување таму. Долга ноќ, тешка ноќ. Никој никогаш да не се почувствува така.
Ах тажна моја Македонија, каде вака кога за системот сме само број или единечен или 13 цифрен.