Адеми најави – можно е училиштата и факултетите да останат празн и од септември

0

Пандемијата оваа учебна година ги укина матурските забави, а како компензација за матурантите ја укина и државната матура и завршниот испит за средношколците. Владата освен што денеска одлучи до крајот на учебната година учениците да останат дома и да следат он-лајн настава, реши и оваа генерација матуранти да не полага матура. Тие ќе можат да се запишат на факултет со постигнатиот успех од сите четири учебни години.

„Учениците од оваа учебна година кои ќе стекнат само диплома за завршено средно образование, ќе се постапува идентично како со учениците кои се стекнале со диплома за завршено средно образование пред воведување на државната матура“, рече Арбeр Адеми, министер за образование.

Но ваквиот начинот на упис на факултетите дополнително ќе се регулира, информира Адеми, од што не е исклучено и можно полагање на квалификациони испити за упис, таму, каде ќе има повеќе заитересирани со ист број на бодови.

Доколку ситуацијата со „Ковид 19“ продолжи и на есен, не се исклучува можноста новата школска и академска година да продолжат според моделот онлајн. Ова го потврдува министерот за образование, Арбер Адеми, додавајќи дека неговото министерство сепак сè уште не подготвило стратегија за ова прашање. Тој вели дека плановите и предвидувањата за новата школска и академска година ќе започнат непосредно по завршувањето на учебната година на 10 јуни.

„Ако околностите се исти, можеме да се соочиме со истите мерки, што значи учење преку Интернет. Сепак, не сакам да прејудицирам затоа што можеме да бидеме поинаку организирани во образовните институции, за да се држи растојанието, да ги почитуваме препораките на здравствените власти и да не го доведуваме во прашање традиционалниот конвенционален начин на организирање на образовниот процес.“-изјави Арбер Адеми, министер за образование и наука за Алсат М

Наставниците веќе се загрижени ако истата ситуација продолжи и од септември. Велат дека најпогодени ќе бидат учениците, особено оние во руралните средини кои поради разни потешкотии ниту сега не се вклучени во учењето преку Интернет.

„Имаме ученици кои немаат интернет мрежа во нивните домови. Интересот на учениците за учење ќе се намали. За жал, во основното училиште каде учениците ги утврдувата основите за понатамошно образование, верувајте ми дека ќе имаме многу големи загуби во однос на образовниот аспект.

Ние наставниците, на некој начин, го даваме својот придонес, сепак, многу е тешко учениците да го сфатат тоа што го постигнале, односно тоа што го очекуваме од учениците ќе биде многу лошо.“-рече Сузана Курбардаровиќ Јакупи, наставничка во ОУ „25 Мај“.

Во истражувањето што го спровел Универзитетот на Југосточна Европа, само 25% од студентите бруцоши рекле дека би се согласиле да ги започнат своите студии од далечина.

Претходна статијаОливера која над 20 години живее во Нов Зеланд за моменталната тамошна ситуација, но и можностите за работа
Следна статија(ВИДЕО) Исплива доказ: Ким Џонг – УН навистина имал операција