(ВИДЕО) Најавите на Мими се остварија: Жената која уште минатата година кажа дека избори денес нема да има

0

Како што е познато Државната изборна комисија (ДИК) донесе заклучок за запирање на дејствијата за предвремените парламентарни избори што требаше да се одржат на 12 април постапувајќи по Уредбата со законска сила што ден претходно ја донесе Владата.

Датумот за Парламентарните избори 2020 ќе биде одреден по завршување на вонредбата состојба.

Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, и заради тоа што Собранието на Република Македонија не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање.

„Се запираат сите понатамошни дејствија и активности на Општинските изборни комисии. Сите изборни дејствија кои се преземени до 22 март 2020 се сметаат за важечки. Сите преостанати дејствија што произлегуваат од Изборниот законик ќе бидат предвидени во ревидираниот роковник што ДИК ќе го донесе веднаш по укинувањето на вонредната состојба со донесувањето на нова уредба на Владата за продолжување на изборниот процес, рече претседателот на ДИК Оливер Деркоски предлагајќи го заклучокот.

ДИК е задолжена да ја чува и обезбедува изборната документација до спроведување на изборните дејствија и изборите и веднаш по изменетата ситуација, односно по носењето на новата уредба на Владата за продолжување на изборните дејствија ќе мора да донесе ревидиран роковник за изборите.

ДИК во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба, според Уредбата на Владата, на својата веб страница треба да објави ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија.

Датумот за избори 12.04.2020 година е неизвесен, кажа нумерологот Мими Главиновска во издание од „Click Plus“ на ТВ21 уште во декември, минатата година.

Денеска требаше да се спроведат договорените предвремени парламентарни избори, но се одложија поради пандемијата на коронавирус.

Нумерологот Мими Главиновска, уште во 2019 година во последното издание за таа година на „Click Plus“ рече дека избори нема да има.

Претходна статијаДоктор од Шведска е против карантинот и откри зошто: Не може да затворите сè дома
Следна статијаОва е планот како Европа ќе се ,,отвора” по Корона – ќе се почека за масовни собири