(ВИДЕО) Михаела од Скопје ја напушти Инфективна излечена од Корона, па запеа

0

Најрадосното нешто во оваа криза што се случува и што во иднина уште помасовно ќе се случува, се бројот на излекуваните пациенти кои беа заразени со Корона вирусот. Во моментов Македонија има 354 заразени пациенти и 17 излечени.

Во целиот свет бројката денес се искачи на 920 илјади заразени и скоро двесте илјади излекувани луѓе. Како што ќе се надминува пикот во секоја држава поодделно, така и бројот на оздравените ќе расте.

Пикот во Соединетите американски држави се очекува некаде при крајот на овој месец. Во нашата држава стручњаците предвидуваат исто така пикот да се случи во втората половина од овој месец.

Предвидувањата се дека во Македонија ќе има преку две илјади заразени луѓе. Сепак, не може ништо со сигурност да се каже, бидејќи ситуацијата со Корона се менува од ден во ден, од час во час.

Епидемиолозите во нашата држава бараат да има што поголем број тестирања, како би се лоцирале асимптоматските заразени, кои се најопасните сејачи на вирусот. На овој начин, Јужна Кореја и Јапонија успеваат да ја држат заразата под некаква контрола.

Клиниката Жан Митрев веќе одамна има на располагање тестови и граѓаните се тестираат во оваа болница, а од неодамна и болницата Систина извести дека имаат набавено брзи десетминутни тестови, кои покажуваат не само дали пациентот е акутно заразен, туку и дали бил во минатото во контакт со Корона и дали е евентуално сега, имун на вирусот.

Лабараторијата Авицена денес извести дека тие наскоро ќе имаат на располагање пет илјади тестови, со кои бесплатно ќе ги тестираат граѓаните.

Убава вест вчера сподели младата Михаела Јаневска од Скопје, која на социјалните мрежи извести дека успешно се излекувала од Корона. После два теста, таа била пуштена дома. Михаела, која рече дека се чувствува како најсреќен човек на светот, засвири и запеа за нејзините фанови и цела Македонија:

,,Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница.

Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се се уште во болница. Ова е за вас!”

(ENGLISH BELOW)Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се се уште во болница. Ова е за вас ❤️After fighting off the coronavirus and leaving the hospital with negative tests I am the happiest person on earth. I’m also so very happy to be home since I went directly from the plane to the hospital. A big thank you to all the doctors and nurses who took care of me and continue to take care of everyone else. Today I sing for them and for all the patients still in the hospital. This is for you ❤️

Публикувахте от Mihaela Janevska в Вторник, 31 март 2020 г.

Претходна статијаДоктор Белојевиќ: Свртете се и бегајте, еве што е најопасното во епидемијата на корона вирусот
Следна статијаГоце Андревски од Канада: Економиите до крај на април ќе се отворат – еве што мора да направи Македонија