(ВИДЕО) Марија Шерифовиќ не заборава на Тоше Проески: Го отпеа неговиот голем хит

0

Марија Шерифовиќ важи за една од најдобрите пејачки во регионот која благодарение на својот вокал ги полни сите сали каде и се појави.

Марија зад себе има многубројни хитови, но нема многу дуети. Во интервју за 24сата.хр таа откри со кој изведувач би сакала да сними дует.

„Не размислував, но постојат некои проговори. Постои само еден пејач со кој имав желба да снимим дует, но во оваа епизода, во овој живот не успеавме. Тоа беше Тоше Проески. Тоа беше моја искрена желба“ вели Марија.

Таа исто така откри дека најверојатно ќе сними некој дует во иднина, но не сакаше да открива детали.

Со оглед дека е период во кој треба да се седи дома поради пандемијата со корона вирусот, слободното време го искорист Марија Шерифовиќ да приреди изненадување за своите многубројни фанови.

Имено, познатата пејачка одлучи заедно со своите соработници да ја изведе познатата песна „Volim osmeh tvoj“ на Антонија Шола и Тоше Проески.

Сакани мои, знаете дека во моментов концерти нема… Не знам како да ви објаснам колку ми недостасуваат и колку едвај чекам лудилово во кое се наоѓаме да пројде. Се надевам дека ќе ви се допадне ова наше мало дело. Уживајте! – напиша Марија.

А фановите и тоа како можеа да уживаат. Марија маестрално ја одработи својата задача, а фановите ја преплавија со позитивни коментари.

„Колку прекрасно отпеано… Браво Марија. Буквално си најдобриот глас на Балканот“, се само некои од коментарите.

Претходна статија„Визер“ со важно соопштение за сите патници од и до Македонија
Следна статијаМарио од Институтот за Физикална медицина кој има Корона – Kарантинот што го кажувате не е 14 дена, туку 22 дена заради вашата неспособност