(ВИДЕО) Емотивна исповед: Веќе 30 дена како не сум го допрела, гушнала, погалила по коса

0

Целиот регион е шокиран од пресудата на судот во Загреб, според која Северина Којиќ во четвртокот беше лишена од старателство врз нејзиниот син Александар и тој му беше доделен на Милан Поповиќ.

Практиката покажува дека малолетни деца најчесто припаѓаат на нивната мајка во случај на развод. Исклучоци од ова се случаи поради природата на работата, третманот, издржување затворска казна, како и кога мајката го пренесува старателството над таткото.

Ова се дел од причините поради кои го изгубила старателството:

Одбивање соработка со институциите (недоаѓање на рочиштата и неодговарање на повици од Центарот за социјална работа)

На социјалната работничка и рекла дека е крава.

Го прогласи својот поранешен сопруг за селанец на судење

Не дозволуваше детето да оди на училиште повеќе од еден месец

Училиштето поднело пријава за занемарување на детето

Медиумска изложеност на детето

Целиот регион се крена на нозе откако случајот излезе во јавноста, мислењата се поделени. Сепак поголемиот дел од естрадата и даде поддршка на Северина, иако судот не го дели нивното мислење.

Хрватската музичка ѕвезда Северина вчера вечерта на Инстаграм во живо ја искористи приликата на своите фанови да им се пожали дека иако овој викенд би требала да биде со синот, бидејќи е католички Велигден, сепак не е.

Мојата мала љубов, која по некоја привремена мерка припаѓа половина од велигденските празници и понатаму не е со мене. Денес е точно 30 полни дена како не сум го допрела, гушнала, погалила по коса, почувствувала и заспала покрај него. Затоа додека го чекам тој момент, јајцата ги бојадисав како и минатите седум години, колку Велигдени помина со мене – рече таа.

Привремената мерка ја донесе судијката од Општинскиот граѓански суд во Загреб. Според таа мерка Северина има прав да го гледа синот во вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд од сабота од 10 до недела до 20 часот. Со оваа мерка е регулирано и дружењето на мајката и синот во текот на летните и зимските празници, како и државните и верските.

Минатиот месец Северина се пожалила дека Милан Поповиќ одлучил себе и синот да се стават во самоизолација, бидејќи на почетокот на март биле во Австрија, а за тоа не ја информирал. Таа тогаш била во Белград и останува се додека не го види.

Додека трае самоизолацијата таа на Инстаграм се јајвува под името СеВеТеВе и покрај пеењето за Велигден како во дневник зборуваше за обичаите. Кажа и дека на Велики петок на нејзините им зготвила риба.

Претходна статијаБројката повторно скокна значајно: Познато колку нови случаи во последните 24 часа со Корона има во Македонија
Следна статија(ВИДЕО) Седумина Македонци направија прототип на респираторна машина и покажаа како изгледа и функционира