(ВИДЕО) Бојко Борисов: Уште денес праќам помош за браќата во Северна Македонија

0

Bо бугарскиот туристички град Банско, кој беше силно засегнат од новиот корона вирус во почетокот на епидемијата во март денеска ќе почне масовно тестирање со брзи тестови за да се утврди колку лица стекнале имунитет на новиот корона вирус.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на утринскиот брифинг на Оперативниот штаб за справување со Ковид-19 рече дека денеска ќе даде налог за почеток на оваа операција.

-Имаме податоци за епидемиолошката атмосфера во Банско, и ќе се види по локали, по места на средби на заболените дали луѓето што биле во контакт со вирусот имаат изграден имунитет – соопшти Тодор Кантарџиев од Оперативниот штаб.

Борисов одговарајќи на новинарско прашање соопшти дека Бугарија не може финансиски да си дозволи масовно тестирање на сите граѓани.

Инаку, според последните податоци што беа соопштени на брифингот, до 8 часот утрово во Бугарија досега има вкупно 531 дијагностицирани со Ковид-19, а од нив досега починале 23 лица. Просечната возраст на починатите изнесува малку над 65 години.

Од медицинскиот персонал, досега заразени со новиот корона вирус се 32, во што е вброен и најновиот случај – на една рентген-лаборантка.

Досега Македонија доби конкретна помош во маски, ракавици и скафандери од Словениј и Унгарија, а денес ќе пристигне и од Турција.

Турција се приклучува на помошта за балканските земји со медицинска опрема, наменета за борба со коронавирусот.

По наредба на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Министерството за здравство подготви заштитни маски, заштитна облека и тестови за коронавирусот за Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Материјалите биле натоварени во воен карго авион што полетал од Анкара кон Србија. Од Белград авионот ќе слета и во Сараево, Подгорица, Скопје и Приштина

„Многу е лесно да велиш браќа сме, но браќа сме се гледа кога ти е тешко. Кога ти ум ираат луѓе. Тогаш тогаш треба да се дејствува. Наредив уште денес да бидат испратени стотина заштитни скафандери за лекарите во Македонија, кои се на првата линија”, изјавил Борисов.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов истакнал дека во моментов во светот нема лек за коронавирусот, но посочува дека нема ниту заболен кој што не е лекуван,пренесува БГНЕС, .

Претходна статијаМаска на иднината: Ќе чини 30 евра а ќе може да се употреби 100 пати
Следна статијаВучиќ како да ги следи мерките од Македонија: И Србија како и во нашата држава