Утрово пристигна убава вест од ЕУ: Конечно во Македонија пристигнаа нови респиратори

0

Министерот за Здравство, Венко Филипче пред десетина дена најави дека нашата држава конечно успеала да дојде до можност за купување на 31 респиратор

„Во рамките на Министерството за здравство, согласно уредбата на владата заврши постапката за набавка на респираторни машини. Од 9 економски оператори 2 ги задоволуваа условите во однос на рокот и во однос на критериумите. Еден дел од респираторните машини ќе стигнат во следните 7 дена, а другите од вкупно 31 колку што успеавме да обезбедиме, во текот на следните 30 дена. Со ова значајно ќе го надополниме моменталниот капацитет на респираторни машини во земјава“, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција.

Од девет економски оператори два ги задоволија усовите за рокот и критериумите. Еден дел од респираторите ќе стигнат за седум дена, а другите од вкупно 31 во текот на сделните 30 дена и со ова значително ќе го подобриме моменталниот капацитет на ресираторните машини, предс се во институциите коишто се предвидени за лекување на пациенти со ковид-19 – информира Филипче.

Вкупно 12 респиратони машини и 5.000 медицински маски се обезбедени со помош на Канцеларијата на Европската унија во земјава. Во тек е набавката и на 31 респиратор од тендерот на владата. Ова го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.

– Од попладнево имаме убава информација, со помош на ЕУ се обезбедија 12 респираторни машини и 5.000 маски. Машините ќе бидат поделени на Клиниката за инфективни болести и на болницата „8-ми септември’“ – рече Филипче.

Токму денес, овие 12 респиратори се првите нови вакви машини кои стигнаа во Македонија благодарение на ЕУ, информираа од Секретаријатот за европски прашања

Како дел од проектираната помош на Европската Унија од четири милиони евра за итни медицински потреби, денес во Скопје пристигнаа 12 машини за асистирано дишење – респиратори, како и пет илјади заштитни маски „N95“.

Набавката е реализирана преку агенцијата на обединетите нации УНОПС, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, како надлежна институција за координација на странската помош во земјава.„Овие 12 машини ќе го зајакнат капацитетот на здравствениот систем за справување со епидемијата и соодветно третирање на пациентите, што е еден од главните предизвици во справувањето со епидемијата.

Во овие сложени околности и отежнати услови за набавка на овие респираторни машини, набавката и доставата на овие машини претставува огромен успех.“ порача Османи, упатувајќи посебна благодарност до претставниците на ЕУ во земјата, како и до администрацијата задолжена за реализација на набавката.

„Особено сум горд на вработените во Секретаријатот за европски прашања, кои во соработка со агенцијата на ОН успеаја да ги надминат сите технички, процедурални и транспортни предизвици за да ја обезбедат оваа сложена набавка“ – порача Османи.

Респираторите кои денес пристигнаа во земјава се произведени во Јужна Кореја, а според договорот потпишан на 3 април, останува преку УНОПС да се испорачаат уште осум респираторни машини или вкупно 20. Во рамките на помошта од Европската Унија, во континуитет пристигнува медицинска и заштитна опрема согласно утврдената приоритетна листа.

Претходна статијаНашиот сосед нуди багатела цени за летување: И до 60 % попусти на цените
Следна статијаСашо Тасевски: Ко сме кај лажењето, Николче да те потсетам