Експерти од судска медицина, научници од МАНУ, тим на епидемиолози ќе се вклучат да го истражуваат мистериозниот случај со починатата велешанка, која е позитивна на коронавирус, а за која се претпоставува дека по чинала уште во јануари пред да биде регистриран првиот случај на ова заболување во Европа.
За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација, затоа што овој случај може да ја смени комплетната слика за епидемијата, не само во Македонија туку ина глобално ниво.
Експертите ќе бараат одговор дали корона вирусот се населил во Македонија пред било која држава надвор од Кина, затоа што жената од Велес, за која е сигурно дека по чинала пред повеќе од една недела пред телото да биде најдено во понеделеникот, била позитивна на Ковид 19.
Вирусот е откриен за време на обдукцијата, но сега се прави дополнителен тест за да се потврди присутноста на вирусот. Веста ги вознемири граѓаните, но ги збуни и епидемиолозите. Никој не знае како се заразила и како воопшто вирусот е најден кај неа. Таа живеела сама со син и, и не била во Кина.
Последен пат соседите ја виделе во јануари, но тогаш кај нас немаше заболени. Првиот случај е регистриран дури на 26 февруари, а во Европа прв случај е забележан во Франција на 24 Јануари.
Големиот број на лица заразени со сезонски грип и симптомите слични на оние на вирусот Ковид-19, покренуваат сомневања кај надлежните органи во земјава дека коронавирусот кај нас бил присутен уште пред прогласувањето на глобалната пандемија. Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, нагласува дека оваа година бројот на заболени од сезонскиот грип е за 80 проценти поголем.
Арбен Зибери, директор на Центарот за јавно здравје за Алсат М изјави:
„Анализите кои ги имаме од регистрираните лица кои биле заразени, испаѓа дека бројот на заразени е видно поголем, што подразбира дека се покренуваат сомневања дека вирусот бил присутен и претходно. Според нашите информации, на републичко ниво бројот на заболени од сезонскиот грип за разлика од лани е поголем за 17 илјади случаи.“
Анализите на јавното здравство покажуваат дека симптомите на сезонскиот грип и оние на Ковид-19 се слично во дури 90%. Зибери вели дека новиот коронавирус можеби бил активен, но не се потврдувал бидејќи немало соодветни тестови. Поради тоа, по завршувањето на актуелната пандемија ќе се направи суштинска анализа.
„Велам дека сличноста на симптомите е целосно иста и тоа е силна причина што треба да ја анализираме кога вирусот бил активен кај нас. Ова се сомневања кои целосно држат и верувам дека во блиска иднина ќе биде потврдено кога вирусот бил присутен во Северна Македонија.“