Премиерот Спасовски утрово се огласи – Веста што ни дава дополнителна мотивација

0

Во 5 часот утрово заврши најдолгиот, 85-часовен карантин кој ги задржа граѓаните дома за време на велигденските празници. Ефектот од ваквите рестриктивни мерки чија цел е спречување на ширењето на коронавирусот, властите го очекуваат на почетокот на мај, за кога и најавуваат дека ќе почне олабавувањето на некои од нив и враќање на животот во нормала.

Бројот на излекувани пациенти од корона вирусот во нашата држава достигна 200, откако вчера имаше повеќе излекувани – 21, од ново регистрирани случаи -18. Вкупниот број на заразени е 1.225 лица.

Ќе се зајакнуваат меките мерки за да не мора да се заоструваат рестриктивните.

Од Владата велат дека во тек се подготовки за олабавување на рестрикциите, но дека тоа нема да се случи преку ноќ. За да може да се обезбеди олабавување, мораме претходно сите заедно да си ја обезбедиме заштитата – маска/марама, два метри дистанца, негрупирање.

Целта не е да се казнува, туку да се обезбеди што е можно пошироко почитување на мерките, од сите, брифираат од Владата.

Од среда граѓаните од општините Куманово, Тетово и Прилеп кога ќе излегуваат надвор од своите домови ќе мора задолжително да носат заштитна опрема – маска, шал, марама. Оваа важи за сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или слично.

Утрово преку социјалните мрежи се огласи техничкиот премиер Оливер Спасовски кој напиша:

200 излечени наши граѓани од КОВИД-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот. Регистриравме и ден со поголем број излечени од новозаразени.

Тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост. Тие ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија.

Да продолжиме да ги почитуваме мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржиме од групирања и така да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови.

Претходна статијаГлавната ѕвезда Милош Биковиќ откри кога да ја очекуваме втората сезона од „Јужни Ветар“
Следна статијаНови убави вести: Денес во Македонија едноцифрен број на нови случаи со Корона, расте бројот на оздравени