Познато до кога сигурно Македонците нема да може да влезат во соседна Грција – мерката продолжена до 15 мај

0

Македонија и Србија со слични мерки и полициски час, во Грција и Бугарија полабаво во борбата против КОВИД – 19.

Македонсците овој викенд за Велигден ќе останат дома, во Србија Вучиќ дозволи велигденските служби да се одржат без присуство на граѓани.

Грците пак ќе имаат можност да отидат до храмовите без групирања а откажани се и сите литургии, но затоа пак во Бугарија е дозволено се. Таму се стравува дека допрва тоа ќе предизвика многу поголемо ширење на вирусот. Во моментот во Бугарија има 735 поврдени случаи на коронавирус, а од Софија за тв 24 велат дека бугарската влада носи многу контроверзни мерки.

„Ќе ви дадам еден пример, генералот Мутафчиски кој е на чело на одговорниот тим , цел месец зборуваше дека не е задолжително да се носат заштитни маски, затоа што не помагаат на никој кој не е болен.

Потоа на средината на април ова наеднаш се смени и преку ноќ кажаа дека мора да носиме маски, затоа што е задолжително. 24 часа подоцна повторно го направија незадолжително затоа што било јавно негодување. И сега една недела подоцна, премиерот Бојко Борисов кажа, не, повторно е задолжително.“ – вели Мартин Димитров од Капитал Бугарија.

И додека во Бугарија се зголемува бројката на невработени луѓе, во Грција се стравува дека корона кризата ќе донесе уште поголема економска криза. Таму проблем станува и состојбата со мигрантите, со оглед на тоа што не се знае кои од новопристигнатите се заразени. Во Грција бројката на заразени е околу 2100 луѓе а од Атина велат дека состојбата засега е под контрола.

Спиридон Сидерис Независна Балканска Агенција – Ние имаме само 2185 мислам активни случаи во моментот и околу 102 граѓани кои починаа од коронавирусот.

Повеќето од случаите се во Атина, мислам дека е повеќе од 50 проценти. Но имаме исто така и во Касториа, Кожани, во Северна Грција, имаме во Ксанти исто така но и некои во делови од Тесалија, централна Грција. Немаме мнногу случаи на островите и во моментот состојбата со мигрантите и бегалците кои се во камповите немаме заразени.

Како што е познато, на 15 март на состанокот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата Влада беше донесена одлука Грција да ги затвори границите со Македонија и Албанија.

Сега грчката Влада до 15 мај 2020 година ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни врски со Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија.

Одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, што е во сила до 15 мај 2020 година во 15 часот, вчера беше објавена во Службен весник.

Забраната за влез во Грција не се однесува на грчки државјани, на граѓани со дозвола за престој, како и за лица чие постојано живеалиште е во Грција.Исто така, исклучок од забраната има за камиони кои пренесуваат стока.

Во истата одлука на министрите, вклучени се и мерки што се однесуваат на поврзувањето на Грција со Албанија, Италија и Шпанија.

Претходна статијаДоктор Боби од Битола до Венко: Нема да се помирам и да ја прифатам оваа лакрдија – слободно казнувајте ме колку сакате
Следна статијаМакедонецот што победи во „Големиот брат“: Многу работи што ги гледате во реалните шоуа се испланирани