Пензионерката Дајана за само еден ден се збогатила со 8.5 милиони долари

0

Белата Куќа таргетира девет сојузни држави кои имаат најмал број на потврдени случаи на коронавирус да бидат меѓу првите кои повторно ќе ги отворат своите економии.

Д-р Дебра Биркс, координатор на тимот за справување со вирусот, изјави дека деветте држави имаат по помалку од 1.000 потврдени случаи и дека на ден регистрираат по помалку од 30 нови.

Биркс не ги именуваше државите, но споредбата со бројот на случаи покажува дека тие се меѓу најмалку населените во земјата, почнувајќи од Мејн на Атлантскиот брег завршувајќи со Хаваи во Тихиот Океан.

Останатите седум се Вермонт, Западна Вирџинија, Арканзас, Небраска, Северна Дакота, Монтана и Вајоминг.

Една жена од Флорида изјавила дека отишла на банкомат и останала во шок кога на сметката видела дека има 8,5 милиони долари.

Пензионерката Дајана Лагуили нашла мултимилионска сума на својата сметка, но нешто веднаш ѝ било сомнително. Кога ја повикала банката, сфатила дека е грешка.

„Таа бајка веднаш излета низ прозорецот“, рече пензионерката за телевизиајта WOFL.

За 12 часа, таа добила телефонска порака дека погрешно платената сума исчезнала од нејзината сметка.

Тоа изненадување, кое не траело долго, ја инспирирало пензионерката да купи резерви за една медицинска сестра во Волмарт. „Ми беше драго поради тоа иако немам 8 милиони долари. Требаше да го видите нејзиното лице“, рече Лагуили.

Пензионерката не е прва што нашла милиони на својата сметка кога подигала пари. Претходно, пожарникар волонтер се обидел да подигне 1.700 американски долари што ги добил како стимулација во Индијана, но на сметката нашол 8 милиони долари.

Претходна статијаВелигден каков што не паметиме до сега: Започнаа најдолгите 85 часа во историјата на нашата држава
Следна статијаДокторот Беким: Имаме пациенти кои се обидуваат да ги скријат симптомите, пијат парацетамол