Пејачката Габи која имала тешко воспаление на белите дробови со сведоштво откако излезе од болница

0

Граѓаните кои правеле крвни анализи во Хрватска се потенцијални кандидати за спроведување голема студија.

Сите граѓани во Хрватска кои од минатата среда ваделе крв заради контролни или некои други прегледи, неврзани за заразата од корона вирус, се потенцијални кандидати за спроведување голема студија која ќе покаже колку длабоко корона вирусот влегол во популацијата, објави „Јутарњи лист“.

„Во првата фаза ќе бидат избрани 1.110 примероци крв, кои се собрани во болничките лаборатории, домовите за здравје и заводот за јавно здравје ширум земјата.

Собирањето ќе трае десетина дена, а до тогаш очекуваме да стигнат 1.100 тествои ELISA со кои ќе утврдиме кај колку луѓе има антитела, значи колку биле во контакт со вирусот“, вели Крунослав Цапак, директор на заводот за јавно здравје.

Во оваа фаза тоа ќе бидат анонимни примероци, а ќе се знае само полот, годините и дали боледува од некоја друга болест или е потполно здрав. Целта е да се види колку луѓе го имале вирусот, а биле асимптоматски.

Цапак објасни дека студијата се прави од две причини. Првата да се види колку асимптоматски случаи има, а втората да се види колку антитела има развиено.

Хрватската музичка дива Габи Новак пред неколку дена излегла од болница, па раскажа низ се што поминала и во каква состојба го нашла својот стан по земјотресот во Загреб.

-Како сум? Што да ви кажам? Се снаоѓам во полууништениот стан. Имав тешко воспаление на белите дробови, лежев до соба со пациенти заболени со коронавирус. Едвај се извлеков – изјавила Габи во интервју за Дневни аваз.

-За време на земјотресот бев во болница.

Оџакот падна, а сеуште немам греење. Минувам низ тежок период, не само јас, туку цел Загреб. Сите сме во изолација. Мислам дека пандемијата уште долго нема да се смири – вели хрватската дива која не ја напушта оптимизмот.

-Дај боже, цела планета нормално да продише. Што не поминавме последниве 30 години. Колку само загинаа за ништо. Се можеше поинаку. Како што мојот Арсен напиша: “Го чистам својот живот“, Тоа беше негов слоган.

Во животот тргај ги од себе лошите луѓе, лошата храна, лошиот амбиент. Во овие тешки времиња, се повлекувам и ќе се исплачам. Замолчувам, се вовлекувам во некоја самотија.

Ако знаеш да ја искористиш, тогаш во самотијата треба да се бараш самиот себе да видиш до каде си стигнал. Самотијата не е бегство, самотијата е прочистување.

Претходна статијаФилипче понеделнички сподели добри вести – Голем број оздравени и многу мал број нови случаи со Корона
Следна статијаДоктор Злате од Скопје кој дежура за Велигден: Нашиот народ знае, секое зло за добро е