Од Општина Тетово денес излегоа со соопштение до јавноста по повод актуелната состојба со корона вирусот:
ИНФОРМАЦИЈА – Кризен штаб за спречување на ширење #COVID19 -05.04.2020
На 05.04.2020 година, Кризниот штаб на Општина Тетово во врска со ширењето на COVID19 на територијата на Општина Тетово, ги известува граѓаните дека:
Денес на 05.04.2020 година на територијата на Општина Тетово и пошироко, регистрирани се 12 нови случаи на КОВИД19, со кои вкупниот број заразени е 29 лица. Бројот на заразени лица според општините во Тетово и општините во полошкиот регион е по следниот редослед:
-16 во општина Тетово
-5 во општина Теарце
-4 во општина Брвеница
-2 во општина Боговиње (од ко 1 лице почина)
-1 во општина Желино
-1 лице од Радовиш кој е во државна карантин во хотелите на Попова Шапка
Клиничката болница во Тетово го потврди ставот дека тие се целосно подготвени со опрема и здравствени средства за да им служат на граѓаните во случај на поголемо ширење на вирусот СОВИД19 во периодот кој следи
Од СВР Тетово информираат дека распоредот за ограничено движење главно го почитуваат граѓаните на општина Тетово, додека во последните 24 часа се утврдени 4 случаи на граѓани кои не ги почитувале мерките и препораките на владата, а се покренати постапки против нив по член 206 од Кривичен законик на РСМ. Бројот на лица со одлука за изолација во општина Тетово е 13, додека 121 лица се со одлука за здравствен надзор.
Вкупно 210 лица се сместени во хотелите на Попова Шапка кои служат како капацитети за државен карантин, љ тоа се хотелите Арена Тетекс, Попова Шапка и Славија.
Овие капацитети имаат и медицински екипи од Клиничката болница во Тетово за да ја следат состојбата на згрижените лица, храната се сервира навреме, дезинфекцијата се прави според планот, отпадот се собира од страна на ЈКП Тетово според посебни правила за карантин. Сè се одвива според поставениот протокол;
Од Министерството за земјоделство – Подрачна единица Тетово, во врска со издавање на дозволи за промет за време на полицискиот час , на територијата на општина Тетово информира дека се издадени вкупно 230 дозволи.
Интернет наставата продолжува да се одвива во сите средни и основни училишта во општина Тетово.
Општинските служби наЈКП Тетово и Територијалната единица противпожарна единица, постојано вршат миење и дезинфекција на улиците , јавни места и влезовите на местата за живеење. Дезинфекцијата се врши со континуиран и непрекинат начин, низ сите населби, улици и јавните места на територијата на општина Тетово. Деновиве ќе започне со дезинфекција на патиштата во високопланинските на на општина Тетово;
Уште еднаш ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат здравствените препораки и владините мерки. Одржувајте социјално дистанцирање избегнувајте групирање во поголеми групи, редовно мијте ги рацете и избегнувајте непотребно напуштање на домовите.
Во следните 2 седмици се очекува да се зголеми бројот на заразени лица и да ја достигне кулминацијата на оваа пандемија кај нас.
Затоа, соработката и одговорното однесување на секој граѓанин е неприкосновена!