Нобеловецот за медицина со оптимистичка вест за Корона вирусот: Ќе се самоуништи

0

Коронавирусот ќе се уништи самиот себе, тврди францускиот научник, Лик Монтање, кој е добитник на Нобелова награда за пронаоѓањето на ХИВ вирусот.

„Природата ја враќа работата во свои раце! Со колегите моментално истражуваме една мошне зачудувачка појава во САД, каде има милион заразени и каде вирусот се менува мошне брзо…дел од него многу брзо мутира и се покажува дека вирусот ќе се самоуништи“, вели Монтање во интервју за порталот „Новости“.

Овој француски научник ја разбранува јавноста кога излезе со верување дека Ковид-19 е произведен од страна на човекот, поточно дека во него се додадени секвенци од ХИВ вирусот, кој тој добро го познава.

„Сѐ започна од познат вирус кај лилјаците, на кој се интервенираше за да се хуманизира. Во тој момент, веројатно по грешка, некако излегол од лабораторија.

Добиле нешто сосема спротивно од она за што истражувале, а веројатно истражувале вакцина против сидата“, вели Монтање.

Францускиот нобеловец нагласува дека сите свои сознанија во врска со таквите тврдења, до кои дошол со неговите соработници, ќе ги објави во научни списанија.

Во однос на предогот од неговиот сонародник, професорот Дидие Раул, дека коронавирусот може да се третира со „хлоркинин“, Монтање вели дека тоа е добар предлог, но лекот мора да се употребува во раните фази на болеста.

„Тоа е важен третман, спасува животи. Но, треба да се даде на почетокот на инфекцијата, а не на крајот. На крајот нема ефекти. Тогаш вирусот веќе го нема во телото“, вели францускиот нобеловец.

Претходна статијаВело Марковски се огласи повторно: Да се чека максимално подолго пред да се става на респиратор
Следна статијаОливер Спасовски се потсети на најмрачниот ден: Тоа беше акција од лидерите на тогашната владеачка партија