Не ми се верува дека на оваа финта ми ,,здиплија” телефон и пари на пазар пред некој ден

0

Еве што се случува. Пред некој ден бев на Бит-пазар да купам средство за дезинфекција. Пред да влезам во продавницата ми се приближи еден тип и ми вика “па кај си ти, не сум те видел од давна”..

Го гледам и најкултурно му викам: “Извини ама ја тебе прв пат во живот те гледам, изгледа си се препознал”.

Кога у исто време друг тип ме поткачи од позади онака нежно и ми се извини културно и продужи. И така се заврши. Кога влегов во продавницата и му викам на продавачот да платам, се брцам у задњи џеб ..оп, ми го нема телефонот..телефонот ми беше со силиконска футрола и внатре 2 000 денари.

Ме гледа продавачот и ми вика..”сè гледав од нутра”..Го прашувам “Како се гледаше”..”Така” вика..”Те видоа нова фаца и те опељушија”..”Аман му викам, па што не реагираше”..вика..

”Кај смеам..тоа е бан да од 10 луѓе и сè пља чкаат..башка не смеам да реагирам ќе ме напраат пуздер и плус дуќанот ќе ми биде мета..нит полиција им може нешто нит никој”…

Ок, да скратам, отидов во полициска станица одма тука е, влагам и им објашњавам што ми се деси. Прво полицаецот почна онака под брк да се смее и ми вика:

“Ги гледаш луѓено надвор, едно 15 души седат пред зграда, сите овие се опљ ачкани последниве 2 саата”..

Викаат: “Почекај ќе дојде инспекторот сега да напишеш изјава”. Искочив и отидов меѓу луѓево што се опља чкани, на еден му украле цел промет околу 30 000 ден, на секој по нешто да не замарам.

Инспекторот кога дојде вика: “Ти си 40 од сабајле”..ми вика “Те гледам не си некој наивен кај најде тука да купуеш”..вика “Ние ги фаќаме после недела дена пак се појавуваат”…мислеше на лоповите..

“Нека ти е на здравје” вика “и телефонот и парите..ако ги фатиме ќе ти се јавиме…” Нормално дадов опис.

Наравоучение, не идете на тој пазар или ако идете не носите ништо вредно со вас, самите пилицајци ми викаат избегавај го овој пазар…

Онака ми дојде да ви напишам да си пазите кога идете на тој пазар, случајно вчера во Трговски ги видов приателчиња од Интервентна ми викаат волку пља цки ко што имало деновиве немало никад.

Ете кај живееме..фала многу и пријатно…Мишко, Мишко си викам у себе..уште ова ти требаше.

Името и презимето познати на редакцијата на Галама

Фото: Илустрација

Претходна статијаБесир од карантинот во Маврово: Ова ниту кучињата не го јада
Следна статијаОваа докторка во декември предвидела сè од А до Ш, што ќе се случува со Корона